Свет
Шест земји нема да присуствуваат на доделувањето на Нобеловата награда за мир

Шест земји на 10 декември нема да присуствуваат на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир, чиј лауреат за оваа година е кинескиот дисидент Луи Ксиабао, соопшти Нобеловиот комитет во Осло
„До денес 36 амбасадори ја прифатија поканата, 16 сè уште не одговориле, а амбасадорите на Кина, Русија, Казахстан, Куба, Мароко и Ирак нема да присуствуваат на церемонијата“, изјави директорот на Нобеловиот комитет, Гејр Лундестат. Тој додаде дека причините за неприсуство на церемонијата не мора секогаш да бидат од политички карактер, и дека секоја година некој од амбасадорите не е во можност да присуствува на доделувањето.Кинеските власти во повеќе наврати Ксиабао го нарекоа „криминалец“, а амбасадата на Кина во Осло на бројни амбасади им упати писмо со барање да не присуствуваат на церемонијата. Поголем дел од земјите меѓу кои се Велика Британија, Франција, Германија и САД веќе го потврдија присуството на своите преставници. Кинескиот дисидент и борец за човекови права, Лиу Ксиабао се наоѓа на извршување на 11-годишна казна затвор, затоа што е еден од авторите на таканаречената Повелба 08. Со оваа повелба се бара повеќе слобода и крај на политичката доминација на Комунистичката партија на Кина.Нобеловиот комитет, поради долгогодишната и ненасилна борба за основни човекови права во Кина, наградата за мир на Ксиабао му ја додели на 8 октомври. Кинеските власти по доделувањето на наградата го изразија своето незадоволство и предупредија дека одлуката може да ги загрози односите помеѓу Кина и Норвешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Курц лут поради градоначалниците што се вакцинираа преку ред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е лут поради градоначалниците на повеќе места, кои беа вакцинирани против коронавирусот иако не се на списокот на приоритети.
Во изминатите неколку дена медиумите објавија дека на некои места како дел од вакцинацијата на корисници на старски домови исто така биле вакцинирани и локални политичари преку ред и имало тврдења дека некои луѓе плаќале за да добијат вакцина.
Курц рече дека нема разбирање за градоначалниците што се имунизирани со преостанатите дози од вакцината иако сè уште не им е редот.
„Ако некој се вакцинира преку ред, тогаш тоа е морално разочарувачки“, нагласи тој.
„Доколку останат дози од вакцината, важно е тие да се дадат бргу. „Но, тие треба да им се даваат на постарите луѓе, а не на политичарите, нивните жени и на регионални истакнати личности“, рече Курц.
Министерството за здравство најави дека во иднина ќе го интензивира барањето за документација за вакцинација со цел да се запре злоупотребата и да се спречи некои да се вакцинираат преку ред.
Европа
Италија најавува правни постапки против „Фајзер“ поради доцнењето на вакцините

Италија има намера да преземе правни активности против американската лабораторија „Фајзер“ во наредните денови поради доцнење во испораката на вакцини против коронавирусот, најави шефот на италијанскиот кризен штаб, Доменико Аркури.
„За заштита на здравјето на италијанските граѓани не може да се преговара“, предупреди Аркури.
Тој додаде дека кампањата за вакцинација не може да се забави, а камоли давањето на втората доза на многу Италијанци, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Фајзер“.
„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ неочекувано објавија дека нема да може да ја обезбедат количината вакцини за кои се обврзале, што предизвика гнев кај европските земји, кои веќе се наоѓаат на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација.
Лабораториите потоа ги уверија следниот ден дека имаат план да го ограничат одложувањето на испораките на вакцините на една недела.
Сепак, Аркури рече дека „Фајзер“ го известил Рим за понатамошното одложување на испораката на вакцините.
Свет
Што ќе се случи со нуклеарниот куфер, кој постојано беше покрај Трамп

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, денеска нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден.
Неговото отсуство ќе има влијание врз еден од најважните детали на денот на инаугурацијата – предавањето на т.н. нуклеарен куфер на новиот шеф на Белата куќа.
Официјално, нема објаснување за тоа како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, кој му служи на американскиот претседател за да може да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен соработник, кој мора да биде со претседателот нонстоп.
Обично куферот му се предава на друг помошник, кој стои покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата, во овој случај Бајден, додека тој положува заклетва, објаснува Си-ен-ен.
Меѓутоа, денеска размената ќе се случи малку поинаку од вообичаеното бидејќи Трамп ќе замине на Флорида.
Се верува дека нуклеарниот куфер ќе биде со него цело време, велат експертите, што значи дека ќе има најмалку два куфера на разни локации.
Повремениот автор на текстови во „Атомик сајантистс“, Стивен Шварц, објасни како стојат работите.
„Има најмалку три, веројатно четири идентични куфери. Едниот оди со актуелниот претседател, другиот е со потпретседателот, а третиот традиционално е покрај личност наменета да преживее важни настани, како што е инаугурацијата. Денес, еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако воената канцеларија на Белата куќа не подготви еден и за Бајден“, изјавил тој за Си-ен-ен.
Кодовите за активирање на куферот на Трамп ќе важат до 11.59 часот по локално време по што ќе бидат исклучени.
„Според 20-тиот амандман, Доналд Трамп е претседател до 11.59.59 и дотогаш има законско овластување да го користи нуклеарниот арсенал. Ако помошникот го придружува на Флорида, тој ќе треба да го напушти Трамп напладне и да се врати во Вашингтон со куферот“, објаснува Шварц.
Доколку Трамп сака да нареди нуклеарен напад во 12.01, наредбата нема да биде валидна и воените команданти немаат обврска да ја извршат, а потоа кодовите ќе станат неважечки.
Во меѓувреме, Бајден ќе го добие својот „бисквит“ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) веројатно рано наутро пред инаугурацијата, како и потпретседателката Камала Харис, која ќе биде информирана за постапката за почнување нуклеарен напад, но нивните кодови нема да бидат активни до пладне.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира