Свет
Австралиски близначки се договориле да се самоубијат

Австралиски сестри близначки, кои биле дојдени на „културна размена“ во Колорадо, САД, го исполниле својот договор да извршат заедничко самоубиство, пренесува Гардијан.
Една од сестрите починала на лице место, додека другата 29-годишна близначка ја преживеала прострелната рана во главата, и подоцна во писмена изјава и признала на полицијата дека таа и сестра и направиле пакт за самоубиство.
Полицијата не ја навела причината за тоа зошто сестрите сакале да се самоубијат. Двете жени престојувале во САД неколку месеци со визи за „културна размена“, и земале такси за да дојдат на местото каде што пукале.
„Базирајќи се на физичките докази, изјавата на преживеаната сестра, и надзорот од видео камерите, веруваме дека овој инцидент претставува самоубиство и обид за самоубиство,“ изјавиле од полицијата.
Бизарниот инцидент се случил на стрелиште лоцирано во државниот парк во рурален Денвер. Сестрите изнајмиле пиштоли од стрелиштето, а пукањето било снимено и од видео надзорот./крај/гардијан/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Чешка потврден новиот вид на коронавирус

Чешка пријави случаи на новиот позаразен вид на коронавирус кој првпат беше откриен во Велика Британија, објави Националниот институт за јавно здравје.
Портпаролката најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре.
Чешка, во која живеат 10,7 милиони жители, е една од најтешко погодените земји од коронавирус во светот досега, со 14.449 смртни случаи и над 150 смртни случаи на ден во повеќето денови од овој месец.
Научниците сметаат дека откриениот вид во Велика Британија е позаразен, што значи поголем притисок врз здравствениот систем, но дека не предизвикува посериозно заболување.
Регион
Судот му определи притвор на Мирослав Мика Алексиќ

Судот му определи притвор на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ кој попладнево беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.
Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.
Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.
На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.
Свет
САД: Кина да им овозможи послободен пристап на истражителите на СЗО

САД бараат Кина да му дозволи на истражниот тим на Светската здравствена организација (СЗО) да има контакти во Вухан со медицински работници, поранешни пациенти и лабораториски персонал, како и пристап до медицински податоци и примероци.
Официјалниот претставник на Министерството за здравство на САД, Герет Григсби, рече пред извршниот одбор на СЗО дека Кина треба да обезбеди научни студии со податоци од примероци од животни, луѓе и животна средина собрани во Вухан, каде се верува дека избувна епидемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс
Претставник на Кина пред извршниот одбор на СЗО рече дека политичките притисоци мора да престанат, бидејќи истражувањето за природата на вирусот е научна работа што бара координација и соработка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира