Свет
Неизвесна судбината на новозеландските рудари
Шансите за спасување на 29 рудари кои веќе три дена се сметаат за исчезнати во рудник во Нов Зеланд, денеска се уште помали, и покрај оптимистичките изјави на новозеландскиот премиер. „Остануваме оптимисти, но се подготвуваме и за сите можности што вклучуваат и можност на смртно настрадани по она што се случи“, рече Гери Новелс, командир на локалната полиција, пренесува агенцијата Франс прес. Директорот на јагленокопот во кој се случи експлозија во петокот наутро, денеска изрази сомнеж во успехот на спасувачката операција. „Вистина е дека немавме никакви вести откога две лица успеаја да се извлечат од рудникот. На семејствата им станува сè потешко како што изминува времето“, рече Питер Витал, директор на рудникот. Станува збор за први изјави на новозеландските власти во кои отворено се зборува дека рударите можеби загинале во експлозијата на метан во рудникот за јаглен Пик Ривер. Спасувачките служби сè уште не можат да влезат во рудникот поради големата концентрација на гасови, кои би можеле да предизвикаат нова експлозија. /крај/афп/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.