Свет
Обама: Подобро добар претседател во еден мандат, отколку лош во два

Американскиот претседател Барак Обама во интервју за шпанскиот дневник „Ел Паис“, рече дека подобро е да се биде добар претседател во само еден мандат, отколку просечен или лош во два од своето владеење.„Постои тенденција во Вашингтон да се мисли дека првата задача за политичарите е да работат на тоа што да направат за повторно да бидат избрани. Но, јас не гледам така на својата работа бидејќи за мене најважно е да се знае дека им помагам на граѓаните и да ги решавам нивните проблеми. Не сакам на крајот од мојот мандат да се свртам позади себе и да ги погледнам што сум направил, а заклучокот да ми биде дека најмногу сум се грижел за својата популарност“, рече Обама.Тој додаде дека за време на посетата на Гандиевата резиденција во Бомбај, во текот на азиската турнеја, сфатил дека историјата учи колку многу значат поединците кои се залагаат за правда и слобода. /крај/тпортал/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Постои можност дека новиот вид коронавирус пристигнал во Косово

Триесет примероци на коронавирусот од Косово пристигнаа денес во Берлин, а резултатите од лабораторискиот тест се очекуваат за две недели. Тестовите ќе покажат дали содржат нов вид коронавирус.
Косовските инфектолози се сомневаат дека новиот вид коронавирус пристигнал на територијата на Косово, пренесува „Газета експрес“.
Специјалистот за инфективни болести, Хамди Рамадани, изјави дека Светската здравствена организација објави оти новиот вид се проширил во 60 земји и дека поминала речиси една година од првиот случај на корона во Косово, па не е исклучено да се појави мутирана форма на вирусот.
Според него, оваа нова форма на мутација може да биде иста како онаа во Британија, но може да биде и друга форма на вирус.
Директорот на одделот за микробиологија, Џеват Јакупи, рече дека во Косово нема лабораториски услови за откривање нов вид коронавирус, па затоа повеќе примероци ќе бидат испратени во Берлин следниот месец.
Регион
Во Србија помалку од 1.700 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.240 лица на коронавирусот, од кои 1.648 биле позитивни, а починале 20 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците во Србија има 166 пациенти на апарати за дишење.
Досегашните корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22.837 и најмногу починати – 69.
Свет
Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

Одлуката за тоа како ќе продолжи процесот на судење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, новиот американски претседател Џо Бајден ќе му ја препушти на Сенатот, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.
„Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека работи за американскиот народ. Претседателот Бајден ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе го продолжи процесот на отповикување“, рече Псаки на брифингот за печатот во Белата куќа.
Претседателот на Претставничкиот дом, Ненеси Пелоси, сè уште не го испратила текстот за отповикувањето до Сенатот, а според правилата на тоа тело, судењето на поранешниот претседател ќе почне ден по приемот на одлуката за отповикување.
Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволуваат судењето во Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот