Свет
Бенедикт XVI: Би се повлекол ако не би можел да ја водам црквата
Папата Бенедикт XVI во неодамна објавената книга со интервјуа вели дека нема да се двоуми да стане првиот поглавар на Римокатоличката црква, која во последните 700 години , доброволно поднесе оставка, ако заклучи дека веќе не е „физички, психички и духовно“ способен да ја води црквата, пренесува дневниот весник Блиц.„ Ако папата јасно разбере дека не е повеќе физички, психички и духовно способен да ја извршува должноста, тој тогаш има право, а под одредени околности и обврска да поднесе оставка“, истакнал тој.Книгата „Светлината на светот: папа, црква и знаците на времето“ веќе предизвика внимание во јавноста, особено поради коментарот на Папата дека користењето на кондомот во некои случаи може да се дозволи за да се запре ширењето на ХИВ.Меѓутоа, книгата со интервјуа на германскиот новинарот Петар Севалда содржи и многу лични белешки за здравјето на папата и начинот на кој тој го поминува денот.„Оставката може да се поднесе во мирно време или кога некој едноставно ќе заклучи дека не може да продолжи“, смета поглаварот на Римокатоличката црква.Бенедикт XVI (83) е во релативно добра здравствена состојба, но во книгата признава дека чувствува како неговата сила слабее, пренесува Ројтерс.Ова го покренува и прашањето што би се случило и покрај развојот на медицината и продолжувањето на животниот век, папата кој, да речеме има Алцхајмерова болест или пак доживее мозочен удар, не би бил во можност да донесе одлука.Ако папата би се повлекол доброволно, се поставува уште едно прашање – која би била функцијата на „поранешниот папа“? /крај/блиц/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Моќната сестра на севернокорејскиот лидер: Ќе изградиме супериорна воена сила
Ким Јо Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најмоќна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким рече дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.
„Ќе продолжиме да ја градиме најголемата и најмоќната воена сила за заштита на нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир“, ја цитираше КЦНА нејзината изјава.
Војските на САД и Јужна Кореја во последните месеци спроведоа серија големи и интензивни вежби, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја.
Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.
Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа. Вашингтон и Сеул велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста.
Свет
Израел: Нашата армија не ги закопа Палестинците во масовна гробница во Газа
Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева.
„Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано“, соопшти амбасадата.
„Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“, се додава во соопштението.
„Прегледот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници“, соопшти амбасадата.
Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во градот Кан Јунис на југот од енклавата.
Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.
Свет
Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј
Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.
Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.