Свет
Русите веруваат дека Путин е вистински лидер на Русија

Рускиот премиер Владмир Путин е вистинскиот лидер на Русија, а 84 проценти од Русите веруваат дека е моќен како и пред повеќе од две години, кога тој ја напушти претседателската должност, покажала анкетата која е објавена денеска, пренесува агенцијата Хина.Путин е како што го нарекуваат руските службеници, „доминантен член на владејачкиот тандем“ со Дмитриј Медведев, кој го заменил во 2008 година , поради ограничувањата во Уставот за вршење на претседателската функција на два мандата по ред, Путин не можеше повторно да се кандидира.Анкетата која Левада Центарот ја спровел од 22 до 25 октомври, покажала дека 84 проценти од испитаниците веруваат дека Путин го задржал своето влијание по напуштањето на претседателската функција во мај 2008 година и преземањето на премиерската должност.„Луѓето имаат впечаток дека целото влијание е во рацете на Путин“, рекол за агенцијата Ројтерс, заменик директор на Левада.„Иако Медведев официјално е претседател, тој нема ист контакт со државниот апарат како Путин“, додал тој.И Медведев и Путин велат дека редовно меѓусебно се советуваат и дека се согласуваат во скоро сите случаи. Анкетата покажала дека 71 проценет од Русите веруваат дека Путин и Медведев и понатаму ќе продолжат со соработка, а само 15 проценти сметаат дека ќе дојде до судир.крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кинеска компанија: Нашата вакцина е поефикасна ако временскиот интервал помеѓу дозите е подолг

Кинеската компанија „Синовак Биотек“ соопшти дека клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина против Ковид-19 е речиси 20 проценти поефикасна во докажано дека е скоро 20 проценти поефикасна кај помала подгрупа на пациенти чиј временски интервал помеѓу двете дози бил подолг.
Кај 1.394 пациенти кои примиле дози на КоронаВац или плацебо, на растојание од три недели, ефективноста е скоро 70 проценти, изјави портпаролот на компанијата.
Бразилските експерти минатата недела објавија дека ефикасноста на вакцината е 50,4 проценти, врз основа на резултатите од 9 000 волонтери, од кои повеќето добиле две дози во растојание од 14 дена, како што е наведено во протоколот за клиничко испитување.
Временскиот интервал помеѓу две дози на вакцината стана главна тема меѓу научниците, регулаторите и владите. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината против Ковид-19, произведена од „АстраЗенека“ и од Универзитетот „Оксфорд“, е поефикасна со подолг временски интервал помеѓу двете дози, отколку што првично се очекуваше.
Свет
(Видео) Дванаесет од 22 рудари заглавени од експлозија во рудник за злато во Кина испратија порака дека се живи

Кинеските државни медиуми објавија дека 12 од 22 работници по експлозијата останале заглавени во рудник за злато една недела, но дека се живи, како и дека стотици спасувачи се обидувале да ги извлечат на сигурно.
Судбината на преостанатите десет работници е непозната, се додава во извештајот на агенцијата „Синхуа“.
Во пишаниот извештај се наведува дека четворица работници биле повредени и дека состојбата со другите се влошува поради недостаток на свеж воздух и вода, додава АП.
Претходните водачи на акцијата за спасување се приведени затоа што не дале извештај за состојбата во рудникот по 24 часа.
Станува збор за рудникот од областа Кикси, кој припаѓа на градот Јантаи во провинцијата Шангдонг и кој бил во фаза на реконструкција во времето кога се случила експлозијата пред една недела.
Повеќе од 300 работници се обидуваат да ги отстранат пречките додека дупчат нови отвори во камените sидови за да стигнат до областа каде што се наоѓаат работниците.
Свет
Петмина работници во погони во Австралија украле 250 тони лосос вреден милиони долари

Две жени и тројца мажи се обвинети за кражба на околу 250 тони лосос во вредност од над четири милиони австралиски долари (околу три милиони американски долари) од фабрика за преработка во Сиднеј, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс.
Полицијата започнала истрага во декември минатата година, откако извршен директор на компанија за одгледување и преработка на лосос открил дека дневно исчезнуваат околу 600 килограми лосос од неговата фабрика за преработка во Инглбурн, град југозападно од Сиднеј.
Истрагата резултирала со апсење на две работнички и тројца работници во фабриката. Сите тие веднаш добиле откази.
Полицијата извести дека петмината вработени во фабриката ги користеле своите позиции за лажно да оценуваат врвни производи од лосос како отпаден материјал, што потоа го ваделе од фабриката во свој „аранжман“ и го продавале или разменувале за други производи.
Полицијата објави дека наведените работници, членови на синдикатот, наводно украле над 250 тони лосос во периодот меѓу јуни и декември 2020 година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира