Свет
Свет Хеликоптер со високи офицери се урна во Камерун
Хеликоптер на вооружените сили на Камерун, во вечерва се урнал во источниот дел на земјата во леталото, со кое се претпоставува дека се превезувале високи офицери, јави Agence France-Presse „Остатоците се пронајдени 15 километри од Јаунде, главниот град на Камерун, во шумска област“, изјавил за агенцијата извор од камерунското министерството за одбрана. Соговорникот додал дека во несреќата има најмалку еден загинат. Според различни извори, во хеликоптерот имало меѓу пет и девет лица.Изворите се согласуваат дека во хеликоптерот бил началникот на елитната армиска единица која е одговорна за безбедноста на камерунскиот претседател, претседателот Пол Бијија, Израелецот Аврахам Авир Сиван. Според израелскиот весник „Haaretz“, токму поранешниот израелски командос кој е основач на елитната единица „Дувдеван“ на оваа западноафриканска земја загинал при падот на хеликоптерот. Сиван кој е пензиониран израелски полковник, беше советник за безбедност на камерунскиот претседател.Сиван имал деловни врски со Израелецот Сами Мејухас, кој до пред десет години беше единствениот човек со дозвола на министерството за одбрана за извоз на опрема и технологија произведени од израелската воена индустрија. Пред една деценија беше укината ексклузивноста на Мејухас, но тој продолжи да работи со Камерун како претставник на две израелски и неколку странски компании. Како што дознава весникот, Израел веќе упатил официјално барање до Камерун да му го предаде телото на Сиван за да го погреба во неговата татковина.Камерунската армија го пребарува местото на кое се случил падот и преземала спасувачка акција./крај/AFP/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.