Свет
Африканските градови тројно ќе се зголемат
Бројот на луѓе што живеат во африканските градови ќе се зголеми тројно во следните 40 години и до 2050 година 60 проценти од Африканците ќе бидат градски жители, се наведува во извештајот на Обединетите Нации.Во следните пет години, нигерискиот град Лагос ќе го надмине Каиро и ќе стане град со најмногу жители на континентот. Освен Лагос, експертите на ОН предвидуваат дека населението во Киншаса, главниот град на Демократската Република Конго ќе се зголеми за 46 проценти во следните десет години.Според претставникот на ОН, Џоан Клос, Африка ќе мора да инвестира во капацитетите за домување. Тој вели дека субсахарска Африка би требала да учи од Северна африка, особено од земјите како што се Египет, Либија, Мароко и Тунис, кои речиси ги преполовија сиромашните области во последните 20 години.Обединетите Нации на почетокот од годината објавија дека околу 200 милиони луѓе од субсахарска Африка живеат на работ од сиромаштијата што е најголема бројка во светот.Во извештајот на ОН за 2010 година се наведува дека урбанизацијата на Црниот континет се одвива побрзо отколку каде било на друго место во светот. Ако продолжи оваа динамика до 2030 година континентот нема да биде доминантно рурален, а градовите ќе бидат привлечни места за тие што ќе сакаат да се преселат.Многу африкански градови веќе се соочуваат со пренаселеност, нередовно снабдување со вода и електрична енергија, како и со лоша патна инфраструктура./крајBBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.