Контакт

Свет

Викиликс планира да објави документи за рускиот државен врв

Објавено пред

Документите кои се очекува интернет сајтот Викиликс да ги објави следните денови содржат непријатни оценки за руската политика и за руските лидери кои би можеле да бидат навредливи за Москва, пишува денеска рускиот весник „Комерсант“.Весникот наведува дека тие откритија на Викиликс би можеле да ги нарушат односите меѓу САД и Русија.Како што се додава, во фајловите се наоѓаат транскрипти од разговорите на американски дипломати и руски политичари, како и извештаи за значајни случувања во Русија и анализа на руската надворешна и внатрешна политика.Стејт департментот претходно соопшти дека оваа недела дека службите почнале да  го подготвуваат владиниот интернет сајт околу објавувањето на документи на сајтот на Викиликс.Повикувајќи се на извори од руското министерство за надворешни работи, „Комерсант“ наведува дека руската дипломатија се до вчера не била контактирана во врска со ова прашање./крај/хи/бч



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Италија ќе преземе правни мерки против компаниите „Фајзер“ и „АстраЗенека“

Објавено пред

Италија ќе преземе законски мерки против компаниите „Фајзер“ и „АстраЗенека“ поради доцнење во испораката на вакцините, предупреди министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Тој вели дека Италија ќе преземе вакви чекори со намера да ја забрза испораката што, според него, е подобро отколку земјата да бара отштета.

„Правиме сè за да не мора да го менуваме планот за вакцинација. Ги активиравме сите канали за Европската комисија да може да стори сé за да ги принуди овие господа да ги почитуваат нивните договорни обврски“, изјави Ди Мајо за РАИ.

Тој оцени дека доцнењето во испораката на вакцините од страна на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ претставува сериозно кршење на договорите.

Прикажи повеќе...

Свет

Германија прва во ЕУ ќе почне да користи третман со антитела на пациенти со Ковид-19

Објавено пред

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да оздраве од Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ќе ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.

Шпан не откри кој е производителот што ќе ги доставува лековите, но потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп.

„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Овие антитела може да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија на болеста“, рече Шпан.

Прикажи повеќе...

Свет

САД го критикуваа насилството на протестите во Русија, Кремљ предупреди на мешање во внатрешните работи

Објавено пред

Американски официјални лица го критикуваа полициското насилство врз демонстрантите во Русија, по што Кремљ ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија.

Непосредно пред почетокот на протестот во Москва, Амбасадата на САД издаде соопштение во кое се наведува дека „САД го поддржуваат правото на сите луѓе на мирен протест и слобода на изразување“, но дека „чекорите преземени од руските власти ги потиснуваат тие права“.

Набргу потоа, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, ги осуди полициските активности што резултираа со апсење на близу 3.500 лица ширум Русија, повикувајќи ги властите да го ослободат Алексеј Навални и веродостојно да го испитаат неговото труење.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија, изјавувајќи за руската национална телевизија дека изјавите се несоодветни и дека американските официјални лица се мешаат во внатрешните работи.

Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците во Москва, Санкт Петербург и другите поголеми градови во знак на поддршка на Навални, кој беше уапсен пред една недела по враќањето во Русија. Претходно тој беше отруен и се лекуваше во Германија.

Според извештајот на групата ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, пријавени се 3.430 апсења низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт53 минути

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт3 часа

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија4 часа

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион5 часа

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ5 часа

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Регион6 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион7 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет8 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион9 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет9 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион9 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет10 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион24 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ1 ден

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет1 ден

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ1 ден

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет1 ден

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Досие