Свет
Во Авганистан убиени член на советот на провинцијата Логар и војник на НАТО
Советникот на авганистанската провинција Логар, Абдула Ахмаџаи, неговиот возач и телохранител (и двајцата негови роднини) биле убиени во неделата наутро кога бунтовници извршиле напад врз неговиот службен автомобил ,
Како што пренесува РИА Новости повикувајќи се на извори од авганистанското министерство за внатрешни работи на Авганистан, советникот Абдула Ахмаџаи во придружба на роднините се упатил кон неговата канцеларија, кога на околу три километр од градот Поле-Алам административен центар на провинцијата Логар, неговиот автомобил бил нападната со автоматско оружје. Ахмаџаи и неговиот возач и телохранител биле убиен на самото место додека неговиот вујко Мохамед Африди кој исто така бил во автомобил се здобил со тешки повреди и бил итно префрлен во Кабул. Иако ниедна од анти-владините групации досега не ја презела одговорноста за нападот. Претходно Ахмаџаи долги години бил претседател на провинцискиот совет, но по локалните избори во 2009 г. ја загубил функцијата.Логар е авганистанска провинција на југ од земјата во непосредна близина на Кабул каде терористички напади се случуваат речиси секојдневно Во неделата на прес-коференција е потврдено дека еден војник на НАТО загинал во саботата во источниот дел на Авганистан. Како што потврдила прес-службата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ), војникот чијашто националност и точното место според практиката не се соопштени, .загинал од експлозија на крајпатна мина.Со оваа загуба, од почетокот на 2010 г. во Исламската Република веќе загинаа 662 странски војници, а 457 од нив се Американците. Севкупно од почетокот на американската инвазија во Авганистан и од 2003 г. започната сојузничка воеан операција „Трајна слобода“, убиени се 2.232 странски војници.Во Авганистан, во контигентите НАТО и мисијата ИСАФ се распоредени вкупно 152 илјади војници, а .околу 100 илјади се Американци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Руски борбен авион се урна кај Севастопол
Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.
„Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните објекти не се оштетени“, објави Развозаев на својот официјален канал.
Ein russischer Su-27 „Luftüberlegenheitsjäger“ ist vor der Küste Sewastopols brennend ins Meer gestürzt.
Russisches Militär behauptet Stock und Stein, dass es sich um einen „technischen“ Unfall und keinen versehentlichen Abschluss handelt.
Naaa ja. pic.twitter.com/8cWoc7jp4W— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 28, 2024
Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.
Медиумите првично објавија дека се урнал авионот Су-35, но се потврди дека се работи за моделот Су-27. Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото додека не паднал директно во Црното Море.
Регион
„Дете не може само така да пропадне во земја“ – соседот на исчезнатата Данка опиша што се случувало кобниот ден
Се вратив од училиште околу 14 часот, а половина час подоцна дојдоа две-три полициски патроли, ги следев да видам што се случува и дознав дека детето го нема. Вака Лука од Бор зборува за моментот кога исчезна девојчето Данка Илиќ (2).
Како што вели, кобното попладне веднаш се приклучил на полицијата во потрага по детето.
„Тука бевме до 22:30 часот. После тоа дојдоа уште дваесет патроли. Следната вечер пристигнаа два-три хеликоптери, како и беспилотни летала за термално снимање и кучиња трагачи. Таму беа бабата, мајката и дедото и малиот брат на Данка. Сите добро ги познавам“ изјави Лука, пренесува „Блиц.рс“.
Тој потсети дека семејството на девојчето живее во Бор и дека дошле во Бањско поле бидејќи таму имаат викендица.
„Се надевам на најдоброто. Се молам на Бога девојчето да е живо и здраво. Отпрвин мислевме дека, не дај Боже, паднала или нешто слично, но нема ништо“, вели соседот на семејството на исчезнатото девојче.
Потоа ја коментираше изјавата на мајката на Данка за исчезнувањето на нејзината ќерка.
„Сите велат дека отишла да земе вода. Детето не можело да пропадне во земја. Кога стигнав, мајката на Данка беше во солзи, како и нејзината баба. Бабата беше навистина потресена. Цел ден плачеше во автомобилот. Вечерта дошла Итната помош и и дала седатив за висок притисок. Подоцна ја однеле во итната медицинска помош“, вели младниот човек.
На прашањето дали мисли дека девојчето можеби е киднапирано, тој вели во тоа верува 100 отсто.
„Ако не е тука, не знам каде би можела да биде. Оваа улица не е прометна. Не знам како се случи“, заклучува Лука.
„Блиц“ потсетува пред фармата на која исчезна девојчето Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, пристигна багер – комбајн за да може полицијата да го расчисти имотот. Во исто време, припадници на МУП повторно ги пребаруваат шахтите и јамите во споменатата населба. Сето тоа со цел да се најдат материјални докази кои ќе помогнат во пронаоѓањето на Данка. Багерот подоцна се преселил на имотот преку улицата, каде што собира дрвја и гранки.
Родителите на исчезнатата Данка Илиќ денеска во текот на денот се приведени во полиција за да го продолжат распитот кој вчера започна во полициската станица во Бор во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка.
Неколку припадници на полицијата го раскопуваат просторот пред дворот каде девојчето исчезна пред точно два дена. Областа се бара за какви било траги.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.