Свет
Иран:Зад нападите на научниците стојат Мосад и ЦИА

Иранскиот министер за внатрешни работи Мостафа Мохамад Надзар ги обвини израелските и американските разузнавачки служби Мосад и ЦИА дека стојат зад денешните напади врз ирански нуклеарни научници.
„Глобална ароганција, Мосад и ЦИА се непријатели на иранскиот народ и тие сакаат да го запрат нашиот научен напредок“, изјави Надзар за иранската државна телевизија.
Според него, „овој очајнички терористички акт ја покажува нивната слабост и инфериорноста на нивната ситуација“.
Канцеларијата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, преку соопштение, го обвини ционистичкиот режим дека стои зад денешните напади во кои загина физичарот Мадзид Шаријани, задолжен за нуклеарната програма на земјата, а беше ранет Ферејдун Абаси, кој работи за Министерството за одбрана. /крај/ирна/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандија бара забрана за летови поради новиот вид коронавирус

Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка со цел да се спречи ширењето на нова, позаразна варијанта на вирусот, којашто е причина за најмалку една од 10 инфекции во земјата.
Премиерот Марк Руте изјави дека владата ќе побара забраната за летови да стапи на сила в сабота и да трае еден месец.Бидејќи неговиот кабинет има технички мандат, откако минатата недела поднесе оставка, тој ќе мора да ги убеди пратениците да го поддржат воведувањето полициски час од 20:30 до 4:30 часот.
Дебатата во парламентот се очекува утре, а Руте апелираше за поддршка велејќи дека земјата е „во клучен момент за безбедноста и јавното здравство“. Коалициската влада на Руте, која поднесе оставка во петокот, поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на додатоци за деца, ќе остане на функцијата сè додека не се формира нова коалиција по општите избори на 17 март.
Доколку парламентот го одобри полицискиот час, Холандија ќе им се придружи на другите земји на Европската Унија во кои тој веќе е на сила, како што се Белгија, Франција, Италија, Грција и делови од Германија.
„Тоа е тешка мерка“, рече Руте. Тој посочи дека никој не сака полициски час, но дека ситуацијата е многу лоша.
Холандија е во карантин веќе еден месец и ќе остане така барем до 9 февруари, но и покрај намалувањето на инфекциите, владата соопшти дека е принудена да преземе построги мерки поради закана од новиот вид коронавирус.Холандија е последната земја во Европската Унија која започна со вакцинација, а досега само 100.000 луѓе ја примиле првата доза.
Свет
(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта де Толедо во Мадрид.
Неофицијално, можно е да да станува збор за несреќа предизвикана од истекување на гас. Се појавија обвинувања дека станарите почувствувале мирис на бензин неколку часа пред експлозијата. Локалните медиуми објавија дека експлозијата се случила во време кога работниците ги проверувале инсталациите за гас во зградата.
Qué horror.
¿Qué puede haber pasado? pic.twitter.com/KwdOVVKLGQ— Froilán I de España 🇪🇸 (@FroilLannister) January 20, 2021
Шпанската телевизија Ла Секст ги пренесе зборовите на еден сведок кој изјави дека најмалку шест лица се повредени. Ел Паис пренесува дека најмалку три лица загинале. Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луиз Мартинез Алмеида, претходно изјави дека најмалку две лица го загубиле животот. Телемадрид известува дека едно лице е заробено во зградата.
Fuerte explosión en Puerta de Toledo, Madrid, España.
La onda explosiva fue muy fuerte. Se sintió hasta lavapies. #puertadetoledo #explosionedificio #madrid #españa pic.twitter.com/P4VqT3Id90— OscaritoPerú (@PeruOscarito) January 20, 2021
Загинале 85-годишен маж и жена. 26-годишен маж е сериозно повреден и се здобил со фрактура на зглобот и повреда на ‘рбетот. Еден 53-годишен маж се здобил со потрес на мозокот, објави брзата помош во Мадрид.
Fuerte explosión en un edificio de la Calle #Toledo de #Madrid
Varias plantas han quedado destrozadas y la calle presenta importantes desperfectos. pic.twitter.com/9K8P9iKvF2
— ✇ Oswaldo Royett ✇ (@oswaldosrm) January 20, 2021
Едно дете е полесно повредено кога било удрено од делови од зградата кои летале по експлозијата, потврдија пожарникарите. Во експлозијата се уништени три ката на зградата во улицата Толедо, пишува весникот „Паис“. Зградата погодена од експлозијата припаѓа на црквата „Богородица од Палома“, се вели во извештајот на пожарникарите.
Домот за стари лица е во близина, но портпаролот на таа институција рече дека ниту еден штитеник ниту вработен не е повреден.
Свет
Трамп му остави писмо на Бајден

Досегашниот претседателот на САД, Доналд Трамп ги избегна повеќето традиционални потези што вообичаено еден претседател ги исполнува за инаугурацијата на неговиот наследник, освен еден: остави писмо до Бајден. Портпаролот на Белата куќа, Џед Дир, потврди дека Трамп оставил порака за неговиот наследник.
Претседателите обично оставаат белешка со честитки и поддршка во овалната канцеларија, но некои се прашуваа дали Трамп ќе го стори тоа, со оглед на тоа што не сакаше да ја признае победата на Бајден.
Белата куќа не ја објави содржината на белешката на Трамп. „Тоа е писмо помеѓу 45. и 46. претседател “, рече Дир.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот