Свет
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж се крие во Аман?
За обожавателите Џулијан Асанж, е бестрашен борец за вистината, додека за противниците, тој е ловец на сензации, кој ги загрозува животите на другите со објавување на строго доверливи информации на својот сајт Викиликс.
Во моментот за него е покрената меѓународна потерница по налог на судот во Стокхолм, со која се товари за силување. Тој е човек што е во бегство и никој не знае каде се наоѓа.
Изнајмува соби по хотели под лажно име, ја бојадисува косата, често спие на под и користи готовина наместо кредитни картички, се истакнува во интервјуто што своевремено го дал на „Њујорк тајмс“.
„Ме нарекуваат Џејмс Бонд во новинарството“, рече тогаш Асанж. Според весникот, тој го напуштил Стокхолм, отпатувал за Берлин, а потоа во Лондон. Последните непотврдени информации говорат дека се наоѓа во Аман.
Човекот што соработувал со него го опишува како исклучително интелигентна личност со силни емоции, со изразена способност да ги „пробива“ компјутерските шифри. Постојано е во движење, а со Викиликс управува од локациите кои постојано ги менува. Долго може да издржи без храна, а кога работи, речиси воопшто и не спие, раскажува Рафи Хачадуријан, новинарска во списанието „Њујоркер“, која патувала со него неколку недели.
„Околу себе создава таква атмосфера, да неговите блиски соработници добиваат желба да му помагаат и да се грижат за него. Претпоставувам дека тоа има врска со неговата харизматичност“, истакнува Хачадуријан.
Џулијан Асанж е роден 1971. година во Таинсвил, во Квинсленд на северот на Австралија и имал номадско детство, бидејќи неговите родители имале театарска трупа. Во 1979. година неговата мајка се премажила за музичар со кој добила син, но бракот се распаднал во 1982. година и набрзо започнала судска борба за полубратот на Џулијан. Мајката тогаш ги зела двете деца и пет години се криела.
Асанж го напуштил домот во 1987. година. Со 18 години и сам добил дете, но врската бргу била раскината па и самиот се судел околу старателството врз детето.
Од мал покажувал талент за математика, иако во главно бил самоук. Во 1995. година бил обвинет за хакерски активности, ја признал вината и поминал само со парична казна. Потоа три години соработувал со Суелет Драјфус, која ги истражувала субверзивните аспекти на интернет. Со неа ја напишал книгата „Подземје“, која стана бестселер меѓу вљубениците во компјутерите.
Драјфус го опишува Асанж како „вештачки истражувач“, кому „многу му е важно за концепцијата на етиката и правдата, до тоа што владите треба, а што не треба да прават“. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.