Свет
Шведскиот Врховен суд ја одби жалбата на Асанж
Врховниот суд на Шведска нема да ја ревидира одлуката за приведување на основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, поради наводно силување и сексуално малтретирање, соопшти денеска судот, пренесува Аssocaited Press
Џулиан Асанж, кој не е и формално обвинет, ги негира обвиненијата од две Швеѓанки, дадени по неговата посета на земјата во август, ги обжали одлуките на двете пониски судски инстанци со кои на истражителите им се дозволува негово приведување. Врховниот суд на Шведска соопшти дека ги ревидира само случаите кои се битни за толкувањето на шведскиот закон или во исклучителни случаи, каде што околностите го оправдуваат тоа. Во овој случај, според судот, не е исполнет ниту еден од тие услови и ја потврди одлуката на пониските судови. Асанж во Шведска е обвинет за силување, сексуално малтретирање во два наврата и незаконска присила. Британскиот адвокат на Асанж, Марк Стивенс, најави дека ќе ги обжали сите обиди за екстрадиција на неговиот клиент. „Процесот во овој случај е толку темелно нерегуларен, што шансите да ми биде предаден валиден налог за апсење се многу мали“, изјави тој за Асошиејтед прес. Стивенс, угледен британски медиумски адвокат, кој го застапува и Асошиејтед прес, не сака да ги коментира легалните опции за екстрадиција на Асанж затоа што се уште не му бил врачен налогот за апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.