Свет
Американската Агенција за национална безбедност бара руски шпион во своите редови
Националната безбедносна агенција (NCA) се труди што побрзо да открие таен руски агент во своето седиште во Форт Мид (сојузната држава Мериленд), пишува во петокот весникот Washington Times, повикувајќи се на изјава од разузнавачки офицер, поранешен соработник на службата
Внатрешната истрага во NCA, започнала веднаш по избувнувањето на „шпионскиот скандал“ меѓу Русија и САД, откако беше откриена група оддванаесет руски шпиони на територијата на САД во текот на летото на 2010 г. Како што забележува весникот, зад овој случај стои поранешен службеник на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), полковникот Александар Потеев, кој пребега во САД пред посетата на рускиот претседател Дмитриј Медведев на Вашингтон во јуни оваа година.Во NCA се сомневаaт дека соработниците на руската СВР некој од припадниците на разобличените шпиони направил мрежа со еден или повеќе агенти на агенцијата, со ои ангажирани посебно на дешифрирањето кодови.„Тие (NCA) се во потрага по еден или повеќе руски шпиони, кои, како што мислат, се наоѓа во Форт Мид, а можеби и во други министерства, на пример, во накцеларијата на дирекцијата на министерството за одбрана на САД. Во NCA се убедени дека барем еден од нив се наоѓа во редовите на припадниците на агенцијата“, го зитира својот соговорник Washington Times.Други детали за внатрешната истрага во редовите на NCA не се обелоденети.Официјалниот претставник на NCA, Вејни Вајнс за весникот изјавува дека не располага со никакви информации во врска со ваквата истрага. Портпаролот на FBI, за Washington Times изјавил дека зa дека „Федералното истражно биро нема информации за случајот“.Летово во САД беше уапсена група руски државјани шпиони под сомнение дека нелегално работела за за интересите на Русија на амаериканска територија. Во јули тие беа разменети на аеродромот во Виена за четири други Руси кои беа осудени во Русија за шпионажа во полз ана западните земји.Рускиот весник Коммерсант на 11-ти ноември пишуваше дека „шпионски скандал“ потекнал од анонимен полковник Шербаков кој долги години работел во руската СВР и кој бил началник на американскиот одделот на службата ткн. оддел „ Ц“, кој се занимава со илегални имигранти.Друг извор од една од руските безбедносни служби, на 15-ти ноември за агенцијата РИА Новости изјави дека виновникот за „шпионскиот скандал меѓу Русија и САД“ е пребеганиот во САД, полковникот на СВР Потеев а не полковникот Шербаков, кој според изворот сега заедно со неговото семејство се под заштита на американската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.