Свет
Палестинската автономија се распаѓа без мировен договор
Претседателот на палестинската автономија Махмуд Абас предупреди на се поизвесното распаѓање на палестинските власти ако не се постигне мир со Израел и ако светот не ја признае палестинската држава, пренесува Reuters
Во едно телевизиско интервју, Махмуд Абас рече дека ако Израел не успее да ги сопре градбите на еврејски населби на палестинските територии и ако мировниот процес под закрила на САД пропадне, тој ќе се заложи за крај на ограниченото самоуправување на Палестинците на окупираните територии Западен брег и појасот Газа.„Не можам да си дозволам да бидам претседател на нешто што во реалноста не постои“, рече Абас мислејќи на постојаната окупација на Западниот брег од страна на Израел.Палестинската власт беше основана по привремениот мировен договор помеѓу Палестинците и Израел во 1993 година, со што на Палестинците им беше дадена ограничена автономија во Западниот брег и во Појасот газа, територии кои Израел ги окупираше во блискоисточната војна во 1967 година и на кои Палестинците сакаат да оформат своја независна држава.Последната рунда на мировните преговори, која започна во септември под закрила на САД, прекина речиси веднаш по тоа, поради одбивањето на Израел да го продолжи мораториумот на изградба на нови еврејски населби во западниот брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.