Свет
Големиот шумски пожар во Израел совладан по четири дена
Најголемиот шумски пожар во историјата на Израел во кој загинаа 41 човек и го уништи националниот парк на Кармелската гора е конечно совладан по четиридневна борба со огнената стихија, пренесе AFP
Како што соопштил противпожарниот офицер Шимон Ромах за новинарите, огнот е ставен под контрола благодарејќи на помошта од повеќе држави во кои биле вклучени и најголемите авиони а гаснење шумски пожари.„Пожарот е изгаснат. Нема веќе поголеми жаришта. Се’ уште треба да се доврши работата за да се спречи повторно избувнување на оган“, рекол Рамах.Во разговорот со премиерот Бенјамин Нетанјаху кој лично ги следел операциите,израелскиот министер за јаван безбедност, Јицак Ахаронович изјавил дела авионите за гаснење пожар сега имаат задача да вршат ткн. „ладење на теренот“. Притоа Нетанјаху ја донел одлуката веќе да не бара на помош канадери од меѓународната заедница.Во неделата триесетина авиони и хеликоптери од различни земји ги гаснеа преостанатите жаришта во шумите околу Кармелската гора, каде во огромниот пожар кој доби димензии на вистинска еколошка катастрофа се уништени пет илјади хектари шуми и околу пет милиони стебла.Многу држави испратија помош за справувањето со оваа катастрофа, како што се Грција, Кипар Бугарија, Хрватска, Франција, Шпанија, Велика Британија, Русија и САД, па дури и Турција којашто ги прекина порано одличните политички и стратешки односи со Израел. Како знак на меѓународна солидарност во неделата на жариштето пристигнаа и 20 палестински пожарникари со три противпожарни возила и едно логистичко возило. Владата во Тел Авив го изнајми и најголемиот авион во светот за гаснење шумски пожари американскиот „Супертанкер“ кој може да лета и ноќе и има капацитет од 76 илјади литри вода. Оптимизмот на израелските власти ги поткрепи и метеоролошката прогноза која најави дожд на ова подрачје кој би требало да заврне вечерта во недела кон понеделник. Затоа е донесена одлука да им се дозволи враќањето во нивните домови на евакуираните жители од регионот а сите патни правци повторно се отворени за сообраќај. Во пожарот загинаа 41 лице, од кои 37 затворски чувари чиј автобус се најде заробен во огнен обрач, двајца полицајци, пожарникар и 16-годишен доброволец.На двете момчиња кои се обвинети за „ненамерно“ предизвикување на пожарот во неделата им беше продолжена мерката притвор за уште четири дена. Тие се осомничени дека зад себе оставиле неизгаснати жарови откако направиле пикник. Премиерот Нетанјаху кој деновиве беше жестоко критикуван заради слабата опременост на противпожарната служба, најави дека веќе следната седмица ќе го претстави планот за набавка на канадери кои досега Израел не ги поседува. Палестинскиот премиер кој е претставника на радикалното движење Хамас во појасот Газа, Исмаил Ханија, за странските агенции изјави дека пожарот на Кармелската гора е „Божја казна“, а, пак, лидерот на ултраортодоксната еврејска партија Шасс, рабинот Овадиа Јосеф, оваа голема несреќа ја припиша на непочитувањето на неделниот одмор на шабат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.