Свет
Судот го прогласи Континетал Ерлајнс виновен за падот на „конкорд“
Франсуското правосудство ја прогласи за виновна американската авио компанија Континетал ерлајнс, изрекувајќи и парична казна, а нејзиниот механичар го осуди со условна казна затвор за смртта на 113 загинати патници во несреќата од 2000. година, пренесе Хина.
Авионот „Конкорд“ во сопственост на француската компанија „ Air France“ се запали и се урна на 25. јули 2000 година , неколку минути по полетувањето од Париз за Њујорк при што загинаа 100 патници, девет членови на екипажот и четири лица на земјата.
Францускиот суд како причина за несреќата го смета лошото оддржување на авионот бидејќи парче метал се откинало од авионот на Континетал ерлајнс кој полетал пред „конкордот“. Парчето метал одлетало до тркалата на „конкордот“ при што ги дупнало, а парчињата од тркалата паднале во резервоарот и предизвикале пожар на авионот.
Континетал ерлајнс кој е казнет со 200.000 евра, а механичарот на 15 месечна условна казна затвор, ги отфрлија овие обвинувања и најавија жалба на пресудата.
„Конкорд“ авионот кој леташе побрзо од звукот по оваа несреќа беше повлечен од сообраќај./крај/хи/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.