Свет
Полска ќе го објави досието на државната безбедност за Папата
Полскиот Институт за помнење на народот наскоро ќе објави до сега непознати документи од досието на неодамна починатиот Папа, што за него го водела комунистичка државна безбедност додека Карол Војтила бил краковски надбискуп.
Полскиот Институт за помнење на народот наскоро ќе објави до сега непознати документи од досието на неодамна починатиот Папа, што за него го водела комунистичка државна безбедност додека Карол Војтила бил краковски надбискуп. Претседателот на Институтот Леон Кјерес рече денеска дека станува збор за делови од досието со имињата на агентите кои државната безбедност ги инфилтрирала меѓу соработниците на идниот папа во Краков. Тој рече дека веќе четири година ја знае содржината на досието, но оти не сакал да го објави додека не ја провери неговата веродостојност. Институтот има намера врз основа на новите податоци од досието на Папата Јован Павле Втори да објави книга во текот на оваа година. И историчарот Марек Ласота од овој институт наскоро ќе издаде книга за тоа како тајната полиција го следела Карол Војтила уште од 1946. година. Тој тврди дека полицијата ги прислушкувала сите телефони и оти агентите го следеле Војтила дури и на скијачките и планинарски тури. Ласота рече дека во книгата ќе обелодени кои од блиските соработници на Папата биле агенти до 1978 година, пред тој да замине за Ватикан./крај/он/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за енергетско примирје.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува „Спутник“.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за подготвеноста да одржи претседателски избори е сосема нова, а рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостиг на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултираше со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, додека дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровск
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровск. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровск продолжува, рече Сирски.
Од средината на ноември украинските трупи вратија речиси 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според „Киев индепендент“, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровск, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели беше објавено дека градот е претежно опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос

