Контакт

Свет

САД може да го обвинат Асанж за шпионажа

Објавено пред

Американските власти може да поднесат обвинение за шпионажа за основачот на Wikileaks Џулијан Асанж во врска со објавувањето на класифицираните документи од архивите на американските министерства и безбедносни агенции,

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави во петокот неговиот адвокат Џенифер Робинсон.„Нашиот став е јасен – ние не веруваме дека тоа (обвинение за шпионажа) ќе се подигне против Асанж. Во секој случај, тој може да се повика а Првиот амандман (од Уставот на САД) како издавач“, изјавил Робинсон, цитира американската телевизиска мрежа ABC news.„Секое обвинение во рамките на законот за борба против шпионски активности, од моја гледна точка, е спротивно со Уставот и ќе ги загрози сите медиуми во САД“, изјавил адвокатот на 39-годипниот Австралиец, Џилујан Асанж.Американското министерство за правда одбило да  даде коментар во врска со можноста за покренување на вакво обвинение против Асанж.Сепак, претходно оваа седмица јавниот обвинител Ерик Холдер, изјави дека објавувањето на тајни документи од страна на  Wikileaks е закана за американската безбедност. Тој исто така рече дека тој дал инструкции да започне кривична постапка против основачот на интернет страницата.Големиот скандал околу Wikileaks изби откако кон крајот на ноември кога интернет страницата почна да објавува класифицирани документи на американските дипломати низ светот со многу непријатни забелешки за светските лидери. Како што е наведено на страницата, оваа збирка доверливи документи, која брои околу 250 илјади датотеки, е најголемата досега којашто се појавува во јавноста.Асанж е обвинет од правосудните властите на Шведска за сексуален напад и во вторникот беше уапсен во Лондон по меѓународна потерница. Тој ќе остане во притвор најмалку до 14-ти декември, кога ќе се одржи сослушувањето за да се донесе одлука за негова екстрадиција во Шведска.Портпаролот на Стејт департментот на САД, Филип Кроули за новинарите изјави дека американските правосудни институции спроведуваат истрага за протекување на официјалните документи. Всушност, во истрагата со која раководи Министерството за правда, удел имаат и Управата за дипломатска безбедност, структури на Пентагон и ФБИ, како и експерти од други разузнавачки агенции, но засега нема конкретно обвинетите.Претходно Стејт Департментот објави дека според првичните сознанија, „истекувањето“ на официјалната кореспонденција не се случило од структурите во Стејт департментот, туку од систем на владините комуникации. Сепак, премногу е рано да се каже дека обвинувањето за крадењето информации може да биде покренато лично за Асанж, и покрај тоа што САД тврдат дека нема да бараат негова екстрадиција.„Нашата истрага продолжува, а апсењето е работа на Велика Британија и Шведска … Ние ја истражуваме повредата на американскиот закон: трансферот на 250 илјади официјални документи, при што во владините структури не е осомничен за криминално дејство“, изјави претходно Кроули, одговарајќи на прашањето на странските новинари во Вашингтон за тоа дали САД  ќе покренат постапка за екстрадиција на Асанж и негово изведување пред американски суд.Кроули исто така ги отфрли шпекулациите дека САД може да обезбедат, или претходно веќе им дале на властите во Велика Британија некои информации кои може да се користат во судскиот процес против Асанж.„Ова прашање се наожа во рацете на британските власти, кои постапуваат по налог и барање за екстрадиција на Шведска“, вели Кроули.Според портпаролот на Стејт департментот, реакцијата на САД на објавувањето на материјалите на Wikileaks и прогонот од страна на Шведска на основачот на фамозната интернет страница немаат никаква меѓусебна поврзаност и немаат ништо заедничко со напад врз слободата на медиумите, бидејќи Асанж не е новинар.„Ништо од ова што се случи, не го промени нашиот поглед на значењето на слободата на медиумите, дури и ако има некои вакви притисоци ние со тоа не се согласуваме. Не е променето нашето мислење дека силните медиуми се од витално значење за демократијата и градењето на граѓанското општество во која и да е земја, каде и да е во светот. Но клучниот факт тука е што г-дин Асанж не е новинар. Тој е анархист, и не можат да ужива заштита како новинар“, заклучи Кроули.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.

„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.

Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.

„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.

Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија4 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија5 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија5 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија6 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија6 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија7 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија17 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија17 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија18 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија18 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија19 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија20 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија21 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија21 час

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија21 час

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...