Свет
Умре „летечкиот дипломат“ – Ричард Холбрук
Американскиот дипломат Ричард Холбрук почина ноќеска по двете тешки операции на срцето, на 69. годишна возраст.
Американскиот претседател Барак Обама го нарече Холбрук „вистински гигант на американската дипломатија“.
Во петокот Холбрук како специјален американски амбасадор за Пакистан и Авганистан бил во Стејт департментот во Вашингтон, на средба со Хилари Клинтон, кога му се слошило.
Докторите во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“, каде Холбрук бил примен, го оперирале 20 часа во обид да му ја санираат пукнатината на ѕидот на аортата, а неговата состојба по операцијата била оценета како критична.
Ричард Холбрук е роден на 24. април 1941. година во Њујорк и својата дипломатска кариера ја започнал на 21 година во Виетнам, благодарејќи на познавањето на виетнамскиот јазик.
Со 35 години станува помошник на американскиот државен секретар за азиски прашања на претседателот Џими Картер. За време на неговиот мандат САД ги нормализираа односите со Кина.
Холбрук едно време беше директор на банката Леман Брадерс, но набрзо претседателот Бил Клинтон во 1993. година го именуваше за амбасадор во Германија.
Во 1995. година како помошник на американскиот државен секретар за европски прашања патува во поранешна Југославија за оживување на мировните преговори, а е идеен творец на Дејтонскиот договор во БиХ. Во САД тоа време беше нарекуван „Кисинџер за Балканот“. Од 1999. до 2001. година, Холбрук е амбасадор во Обединетите нации(ОН).
Аналитичарите го сметаа за потенцијален државен секретар за време на администрацијата на Бил Клинтон и Барак Обама.
Беше оженет со познатата американска новинарка Кати Мартон, која го предводеше Меѓународниот комитет за заштита на новинарите со седиште во Њујорк. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија и се закани на Полска
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков се закани дека Русија ќе ги таргетира нуклеарните оружја и објектите на НАТО, доколку тие бидат распоредени во Полска. Тој рече дека заедничките нуклеарни мисии на НАТО во близина на руската граница се сметаат за закана за нејзината безбедност, пренесува руската државна агенција ТАСС.
„Да не кажам ништо за трајно распоредување, за што зборуваат жешките глави во Варшава. Затоа сите оние политичари кои разговараат за таква опција во Полска и во странство треба да разберат: соодветните капацитети неизбежно ќе бидат цел. Тие ќе бидат први на список на нашето воено планирање“, се закани тој.
Полска во понеделникот објави дека е подготвена да прифати нуклеарно оружје на своја територија доколку НАТО, чиј член е, одлучи да го зајакне своето источно крило бидејќи Русија распоредува ново оружје во Калининград и Белорусија.
„Доколку нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје на наша територија како дел од дистрибуцијата на нуклеарно оружје за да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени на тоа“, изјави Анджеј Дуда за весникот Факт.
„Војната меѓу Русија на Владимир Путин и НАТО би завршила со неизбежен пораз на Москва“, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
„Ние, Западот, не треба да се плашиме од конфликт со Путин, туку обратно“, рече Сикорски за време на говорот во Сејм, Долниот дом на полскиот парламент. Сикорски додаде дека рускиот воен и економски потенцијал „бледи во споредба со оној на Западот“, бидејќи НАТО има три пати повеќе воен персонал, три пати повеќе воздушен персонал и четири пати повеќе бродови од Русија.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.