Свет
Авијацијата на НАТО бомбардираше гимназија во северен Авганистан
Две лица се повредени кога авиони на НАТО при погрешна проценка на „бунтовничките позиции“ бомбардирале средно училиште во предградието Пули-Хумри, на административниот центар на северната авганистанска провинција Баглан
Како што јави авганистанската новинска агенција Pazhvak, повикувајќи се на очевидци на инцидентот, тој се случил во вторникот вечерта во близина на регионот Џој Нау а бомбите од авионите на Алијансата го погодиле средното училиште „Ахмаџаи“. Според изјавата на директорот на гимназијата, Моалем Акбар, од бомбардирањето биле целосно уништени неколку училници, библиотеката и лаборатории. Како што нагласил, Акбар, во оваа гимназија учат 1.900 ученици.Според очевидци, бомбите коишто биле наменети за позициите на бунтовниците целосно уништиле и три станбени згради во близина на гимназијата. Притоа биле повредени дете и жена кои биле во една од куќите, но се надвор од животна опасност.Претставниците на авганистанските безбедносни сили го потврдија инцидентот и последиците. Портпарол на 303-от полициски корпус „Памир“, Лал Мухамед Ахмаџаи, изјавил за локалните медиуми дека командата на корпусот во текот на денот ќе излезе со специјално соопштение за инцидентот. Од друга страна, од прес-службата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ), изјавија дека во регионот Џој Нау во рамките на воената операција „Новиот Баглан“ биле бомбардирани талибански позиции, како и дека во нападите биле убиени неколку милитанти.Последните месеци, се почести се загинувањата и ранувањата на авганистански цивили како резултат на нападите на бунтовниците, но и како последица од нестручните и некоординираните дејствија на локалните безбедносни сили и посебно авијацијата на НАТО.Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во неколку наврати ја повика командата на контингентот на НАТО да ги координираат своите активности со локалните власти и да ги прекине ноќните акции, но засега нема позитивен одговор на ова негово барање.Според една неодамна спроведена анкета од страна на водечките светски медиуми, повеќе 72 отсто од населението во Авганистан се залага за преговори со талибаните. Повеќе од половината од испитаниците сметаат дека треба да има итно повлекување на странските сили од територијата на Исламската Република Авганистан. Според истата анкета, во полза на позитивните ефекти од мисијата на американските и НАТО силите во Авганистан се изјасниле не повеќе од 15 од локалното население./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.