Свет
Две лица загинаа а десет се повредени при уривање на зграда во Египет
Две лица загинаа а десет се повредени во уривање на станбена зграда во Александрија, јави порталот EGYnews.Според првичните информации, одржувањето на четирикатната зграда, која е од ткн. „самонаправени“, најверојатно подолго време било занемарувано. На местото на несреќата екипи на египетската служба за итни ситуации работат на расчистување и пребарување на урнатините. Градежни експерти, исто така, испитуваат дали оштетувањето на зградата кое довело до нејзиното уривање е предизвикано од интервенции на соседните згради кои се во непосредна близина на оваа што се урнала.Минатата недела во Александрија се урна петкатен објект на приватна текстилна фабрика, при што загинаа 26 работници а десет лица беа повредени. Според првичните податоци, причината за таа несреќа е лошата техничка состојба на објектот, а експерите имале сериозни забелешки на квалитетот на бетонските плочи на кои бил подигнат објектот на фабриката.Според статистичките податоци, во Египет има околу два милиони домови коишто според стручните проценки претставуваат голема опасност за жителите. Државните градежни инспекциски служби имаат издадено повеќе од сто илјади решенија за уривање на бесправно изградените објекти, но повеќето од нив се уште не се урнати.Египетската влада подготвува програма за отстранување на стихијното градење низ целата земја, пишува порталот./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.