Свет
Индискиот премиер подготвен да сведочи
Индискиот премиер Манмохан Синг денеска изјави дека доколку има потреба, ќе излезе пред Парламентот за да докаже дека е невин во телекомуникацискиот скандал што ја потресе владата и наводно ја чинел земјата милијарди долари
Парламентарниот комитет, што го предводи лидерот на опозицијата, го истражува извештајот на индискиот генерален ревизор кој тврди дека владата изгубила најмалку 36 милијарди долари можен приход при продажбата на втората генерација дозволи за мобилна телефонија во 2008. година.Скандалот фрли сенка врз дводневниот партиски конгрес на владејачката партија, а претседателката на Конгресната партија Соња Ганди застана во одбрана на Синг, соопштувајќи дека „партијата цврсто стои зад него“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.