Свет
Во експлозија во Најроби тројца загинати, 23 ранети
Три лица загинале, а најмалку 23 се ранети во експлозија во кенискиот главен град кога автобус тргнувал кон угандскиот главен град Кампала.Претходно портпаролот на кениската полиција за Ројтерс изјави дека едно лице загинало, а 26 се ранети и се пренесени во болниците.Кираите додал дека полицијата се сомнева дека загинало едно од шесте лицата коишто ги товареле торбите во автобусот, но тоа според него се’ уште не е потврдено. Претходно денеска безбедносните служби на Уганда соопштија дека се во состојба на најголема подготвеност заради можен напад, откако тамошната разузнавачка служба открила дека локалните групи поврзани со Ал Каеда имаат планови за напади во Уганда за време на празниците.Во јули во Кампала одекнаа две силни експлозии во кои загинаа 74 луѓе. Жртви на терористичките напади беа луѓе кои на 11-ти јули беа собрани во локалите за да го проследат финалниот натпревар од Светското првенство меѓу Шпанија и Холандија во рагби-клуб и во етиопски ресторан.Одговорноста за овие напади ја презеде сомалискоисламистичката група Ал Шабаб (Младина).Уште две експлозии се случија наредните два дена, откако еден од лидерите на Ал Шабаб, шеикот Муктар Рабау повика на напади против Уганда и Бурунди, земји кои имаат свои војници во мировната мисија во Сомалија. Исто така, во Уганда, со поддршка на САД и Европа се спроведува обука за сомалиска владина војска./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.