Свет
Советот за безбедност го зголеми контигентот во Сомалија
Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва одбри зголемување на бројноста на мировната мисија на Африканската унија во Сомалија за 50 отсто од сегашниот состав, односно од осум на 12 илјади војници
Ситуацијата во Сомалија, каде што повеќе од 20 години трае граѓанската војна, анархија и хаос се претвори во плодна почва за екстремизам и пиратсво, а борбата против овие две појави е една од главните агенди на Советот за безбедност на ОН. Во моментов мандат за воспоставување мир во Сомалија ја има мисијата на Африканската унија (AMISOM). Обединетите нации планираат во иднина да испратат своја мисија во оваа африканска земја, но досега државите членки на Советот за безбедност не се подготвени да одобрат мировни операции на ОН, поради големото нарушување на безбедноста, како и поради недостигот од доволен број земји кои се подготвени да испратат свои војници во ваква мисија.Инаку засега политичката мисија на ОН за Сомалија работи во главниот град на соседна Кенија, Најроби.Во едногласно усвоената резолуција на вечерашниот состанокот на Советот за безбедност, одлучено е да се продолжи мандатот на AMISOМ до 30-ти септември 2011 г. и се дозволува зголемување на нејзините припадници од осум на 12 илјади војници. Дополнителните четири илјади војници претходно вети дека ќе ги испрати Уганда. Во резолуцијата на Советот за безбедност, исто така, се бара од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, да се наврати на прашањето за обезбедување од страна на ОН на неопходната техничка, како и секој друг вид помош за рапосредениот контингент на Африканската унија.Заега ОН се вклучени во логистиката на осум-илјадниот контингент на AMISOM. Во тој контекст Советот за безбедност ги повика земјите-членки на ОН за финансирање на активностите на мисијата на Африканската унија. Нејзиниот мандат е да ја поддржи преодната федерална влада на Сомалија, којашто се бори со моќната исламистичка радикална организација Ал-Шабаб којашто го контролира поголемиот дел од земјата, а се залага за воспоставување на шеријатските закони во Сомалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.