Свет
Атина првпат по многу години остана без Божикна елка
Властите на грчкиот главен град првпат по многу години нема да го украсат централниот плоштад со Божикна елка, пренесуваат агенциите повикувајќи се на соопштение на Општината Атина
Грција ги празнува православниот Божик по грегоријанскиот календар, односно по ткн. нов стил, во сабота 25 декември.Наместо Божикната елка која традиционално се поставува на плоштадот Синтагма пред парламентот, градските власти се одлучиле за украсување со венци поставени на највисокото дрво во областа.„Одлуката да се накити највисокото дрво на плоштадот Синтагма за време на овогодинешните празници оваа година, испраќа сигнал за еколошката свест и грижата за животната средина, што е и во согласност со самото значење на Божик“, стои во соопштението на атинските власти.Според градските татковци на грчката престолнина, годинешниов Божик треба да се прослави со „повеќе оптимизам и заемна поддршка, особено за време на тешка економска ситуација што ја трпат граѓаните и трговската заедница на Атина“.Последните години повеќе метри високата елка на плоштадот Синтагма, најчесто вештачка, беше составен дел на божикните и новогодишните празници во Атина за многу години. На пример, кога во декември 2008 г., демонстрантите го запалија дрвото, градските властите за неколку дена поставија ново.Сепак, оваа година Атина се соочува со тешки времиња. Градот е мегдан на чести безредија и постојани штрајк, јавниот сообраќај заради штрајковите со различен интензитет функционира изминатите две седмици, со што многу атињани се оневозможени да купуваат подароци за празникот. На плоштадот Синтагма речиси секојдневно се одржуваат демонстрации против политиката на владата, што ги прави за остро намалувања на трошоците, во замена за кредитна поддршка што ја доби од ЕУ и ММФ.Во ноември, градоначалник Никитас Какламанис загуби на локалните избори, беше заменет од поранешниот правобранител за човекови права во Грција, Јоргос Каминис. По повлекувањето од функцијата, Какламанис призна дека на наследникот му остава празна градска каса, што го оневозможува новиот градоначалник да ги извршува своите редовни должности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
11 канали на Телеграм блокирани во Русија поради терористичка содржина
Руската агенција за следење на комуникациите Роскомнадзор го ограничи пристапот до 11 канали на платформата Телеграм поради „терористичка содржина“ во последните два дена, објави агенцијата РИА.
„Од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење на разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти Роскомнадзор.
РИА наведува дека на барање на Роскомнадзор биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата „Има таков народ“ денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада со што се отвора патот за закажување на вонредна парламентарна избори.
Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот, откако неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот устав, претседателот го доверува на една од останатите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.