Свет
Во „божикните“ напади во Нигерија најмалку 32 загинати
Бројот на жртвите од експлозијата што се случи во петокот навечер во централниот дел на Нигерија, во едно село во близина на градот Џос, се зголеми на 32 лица, а повеќе од 74 се повредени, пренесува АФП повикувајќи се на локалната полиција.
Претходно, агенцијата извести за 11 загинати и осуммина повредени, додека локалните медиуми ја лиферуваа информацијата за 20 жртви.
Според портпаролот на полицијата, Абдулрахман Акано, во село во близината на градот Џос одекнале вкупно седум одделни експлозии кога неговите жители се собрале на свечена прослава на Божик.
Уште неколку „божикни терористички напади се случиле ноќта кон саботата во градот Маидугури во северниот дел од земјата, каде што милитантите, најверојатно припадници на радикалната секта Боко Харам, нападнале три христијански храма при што загинаа шест лица.
Нигерија, со население од околу 150 милиони луѓе е најнаселената земја во Африка. Градот Џос се наоѓа во централниот дел од државата и всушност претставува линија на одвојувањето на христијанскиот и анимистичкиот југ од муслиманскиот северен дел.
Во март годинава, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите исто така се случија во близината на градот Џос.. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртви на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 г ,, кога загинаа најмалку 326 луѓе.
Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 г.. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии./крај/сфп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.