Свет
Четири турски експерти и Авганистанец киднапирани во Авганистан
Четири турски експерти кои работат во една градежна фирма и нивните авганистански возач се киднапирани во неделата од страна на неидентификувани вооружени лица во источниот дел на Авганистан
Веста за киднапирањето на четворицата Турци и Авганистанецот ја пренесе авганистанската новинска агенција Pazhvak, повикувајќи се на изјава на заменик-гувернерот на провинцијата Пактиа, Абдул Рахман Мангал.Според него, експертите биле киднапирани директно од градилиштето каде се градат патишта и гранични објекти во округот Данд-е Патан, на границата со Пакистан.Како што додал Мангал, по пријавувањето на киднапирањето на Турците и Авганистанецот биле ангажирани силни полицијата и безбедносните единици во потрагата по петтемина исчезнати.Досега ниедна од анти-владините групи коишто дејствуваат во регионот не ја презеде одговорноста за киднапирањето. Во источната авганистанска провинција Пактиа е силно дејствувањето на бунтовничката вооружена група Исламската партија на Авганистан, којашто ја предводи Гуљбедин Хематиар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.