Свет
Ходорковски и Лебедев прогласени за виновни
Поранешниот руски милијардер Михаил Ходорковски и неговиот деловен соработник Платон Лебедев денеска се прогласени за виновни за кражба на 218 милиони тони нафта од компанијата „ЈУКОС“, на судењето кое предизвика големо внимание во меѓународната јавност поради сомнеж дека станува збор за политички монтиран процес пренесуваат агенциите.Московскиот суд се уште не ја изрекол казната на која Ходорковски и Лебедев ќе бидат осудени.Ходорковски, поранешен сопственик на нафтената компанија „ЈУКОС“ и Лебедев претседател на управата на Менатепа беа уапсени во 2003 година под сомнение за измама и затајување данок и осудени на осум години. Една година пред излегување од затворот, дополнително се обвинети и за кражба на 218 милијарди тони нафта од „ЈУКОС“ и за перење на повеќе од три милијарди рубљи (97,5 милиони американски долари).Ходоровски, еден од најголемите непријатели на премиерот Владимир Путин и на кремљските власти, според првата пресуда треба да излезе на слобода во октомври 2011 година, шест месеци пред претседателските избори во Русија./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.