Свет
Разбојници во Русија убиле тројца и однеле 800 илјади долари
Разбојници на банка во рускиот град Санкт Петербург во понеделникот застрелале двајца чувари и еден случаен минувач и од банката однеле повеќе од 800 илјади долари.
Началникот на полицијата во Сaнкт Петербург, Андреј Лавренко, соопшти дека двајца вооружени разбојници при грабеж на банка убиле двајца чувари на банката и еден случаен минувач. Напаѓачите чекале пред банката, а едниот во носилка за бебе имал сокриено две автоматски пушки „калашњиков“, известува телевизијата НТВ.Кога чуварите од блиндираното возило тргнале кон банката со торбите во кои ги носеле парите, напаѓачите отвориле оган кон нив. Во престрелката загинале двајцата чувари, а еден од напаѓачите застрелал и случаен минувач, веројатно од страв за тој да не може да помогне во нивната идентификација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец, гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откако од 1 јануари годинава, беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година, Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.
Свет
(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил
Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.
На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.
Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18.30 часот.
Властите соопштија дека „хондата“ скршнала надесно и удрила во столб за осветление, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.
Возачот потоа бил пренесен во болница, но не добил сериозни повреди.
Европа
Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици
Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.
Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.
Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.
Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.
Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.
Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.