Свет
Снежното невреме од САД се движи кон Канада
Снежната бура денеска ослабе на источниот брег на САД и се движи во правец кон Канада, пренесува агенцијата Франс прес.
Сообраќајот и натаму е отежнат и нормализацијата се очекува по смирувањето на меќавата – денеска прогласена за шеста по јачина во историјата на Њујорк.
Повеќе од 500 летови се откажани оваа недела поради бурата проследена со ветрови со брзина од 150 километри на час.
Слично невреме владее уште во неколку американски сојузни држави на источниот брег.
Главните аеродроми во Њујорк денеска повторно се отворени, додека аеродромите во Бостон и Филаделфија работат од синоќа, иако поради големиот број патници има доцнење во летовите.
Градскиот сообраќај во Њујорк се одвива со тешкотии, со доцнења на метрото, автобусите и возовите.
Вонредна состојба е прогласена во шест американски сојузни држави – од Северна и Јужна Каролина на југот, па кон северот на САД.
Во саботата на улиците на Атланта, за првпат по 1880. година имаше 2,5 сантиметри снег, што целосно го поремети животот на луѓето кои не се навикнати на снег.
Во Северна и Јужна Каролина повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја поради невремето, а само една третина од нив повторно има струја.
Во источниот дел на Канада, каде пристига невремето, околу 12.000 домаќинства денеска останаа без електрична енергија. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.