Свет
САД му се извини на Перу за телеграмите објавени на Wikileaks
Администрацијата на САД официјално му се извини на Перу за тајните депеши на американскиот амбасадор во Перу, , што ги објави Wikileaks, изјави во интервју за перуанското радио станица Radio Programas del Peru (RPP), заменикот државен секретар за Латинска Америка, Артуро Валенцуела
Wikileaks на почетокот од декември ја објави тајната преписка на амбасадорот Џејмс Кертис Страбл, во која тој го опишува перуанскиот претседател Алан Гарсија како „горделив и арогантен сезнајко“.„Разговаравме со перуанскиот министер за надворешни работи, Хозе Гарсија Белаунде за објавените документи од страна на Wikileaks, при што го пренесовме официјалното извинување од американската администрација. Се согласивме дека непријатната страница во историјата на нашиот однос е затворена“, рече заменик-државниот секретар на САД, Артуро Валенцуела.Според него, перуанскиот колеги се согласуваат со ставот на САД дека објавувањето на Wikileaks нема да им наштети на односите меѓу Перу и САД.Претходно, министерот за надворешни работи Хозе Гарсија Белаунде и’ се потсмеваше на американската дипломатија, по објавувањето на тајните документи на сајтот Wikileaks и американските дипломати ги нарече „полнети/препарирани будали кои бадијала го трошат работното време“.Најголемото изненадување, рече тој, е фактот дека многу тајни депеши кои американските амбасадори ги испраќале во Вашингтон, не се поврзани со нивната службена работа. Според перуанскиот министер, тие тоа го прават само по потреба за Стејт департментот.Интернет ресурсот Wikileaks стана светски славен и истовремено озлогласен, откако почна со објавувањето на стотици илјади доверливи документи на американските власти. Прво беа објавени документи кои се однесуваат на американските операции во Ирак и Авганистан. Потоа, кон крајот на ноември, на интернет страницата почнаа да се појавуваат копии од дипломтските телеграми кои во Стејт департментот ги испраќале американските амбасади во светот. Тие изобилуваат со екстремни гафови коишто ги објавуваат медиумите, а содржат и експлицитни и често навредливи коментари за странските лидери, како и оценки за нивните политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.