Свет
САД негираат дека испратиле платеници во Брегот на слоновата коска
САД денеска демантираа дека испратиле платеници во Брегот на слоновата коска да го соборат претседателот во заминување Лорен Гбагбо и оценија дека се „апсурдни“ тврдењата на приврзаниците на Гбагбо. „Само ќе кажам дека тоа е апсурдно“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер. „И натаму го повикуваме претседателот Гбагбо да ја почитува волјата на народот на Брегот на слоновата коска и власта да му ја препушти на избраниот претседател Аласан Уатара“, рече Тонер, оценувајќи ја како смешна идејата за „злокобен заговор“. Министерот за внатрешни работи на Гбагбо, Емил Гиеиеулу во неделата изјави дека во земјата пристигнал авион со десет Американци кои треба да го соборат Гбагбо. Гиеиеулу рече дека тие Американци биле претставени како експерти за проценка на штетите на амбасадата на САД во Абиџан на која беше пукано на 16. декември. Но, како што тврди министерот, тие отишле на сосем друга страна, во упориштето на Уатара. Локалните медиуми тврдат дека патниците во авионот биле Германци кои Вашингтон ги плаќа да го соборат Гбагбо. Ваквото тврдење го негираше вчера Министерството за надворешни работи на Германија. Американското Министерство за одбрана денеска за агенцијата Франс прес потврди дека авион навистина бил испратен и дека во него биле воени експерти кои дошле да му помогнат на персоналот на американската амбасада. Експертите дошле од Командата на американската војска за Африка, што се наоѓа во Штутгарт, Германија. Во Брегот на слоновата коска владее конфузија по одржувањето на вториот круг од претседателските избори на 28. ноември. Обата кандидата на изборите и Гбагбо и Уатара се прогласија за победници, а на 5. декември беа одржани и две церемонии на полагање на претседателската заклетва. Победата на Гбагбо ја оспорува и Централната изборна комисија, Обединетите нации и меѓународната заедница. /крај/афп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.