Свет
Поранешен шведски неонацист осуден поради кражба во Аушвиц
Поранешниот шведски неонацист Андерс Хоегстроем осуден е на две години и осум месеци затвор поради поттикнување на кражба на натписот „ Arbeit macht Frei“ од поранешниот нацистички концентрационен логор аушвиц, објавил портпаролот на судот во Краков, Рафал Лисак.Двајца Полјаци, соучесници на Хоегстроем во кражбата, исто така се осудени на затворски казни и тоа од две ипол и две години и четири месеци.Хоегстроем ја признал вината. Казната ќе ја служи во Шведска, согласно договорот со шведските правосудни власти, објаснил Лисак, додавајќи дека во Шведска ќе биде префрлен за седум дена, откако казната ќе стане правосилна.Натписот од ковано железо, кој во превод значел „Работата ослободува“, на влезот на поранешниот нацистички логор е украден во декември 2009 година, и е пронајден неколку дена, расечен на три дела. Петтемина Полјаци кои го украле набрзо беа уапсени.Кражбата на озлогласениот натпис ги оживеа духовите во Полска, Израел и меѓу поранешните затвореници во логорот.Нацистичка Германија и австрија во Аушвиц од 1940 година до 1945 во овој логор убиле околу 1.1 милион луѓе, најмногу Евреи, Полјаци, Роми и заробени советски војници./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.