Свет
Италијанско-бразилски дипломатски спор
Откако бразилските власти одбија да екстрадираат лице коешто во Италија се бара за тероризам, официјален Рим реагираше со повлекување на својот амбасадор од Бразил
Во последниот ден од својот мандат, во петокот 31-декември, досегашниот бразилски претседател Лиуш Инасио Лула да Силва одби да го потпише барањето на италијанските правосудни власти за израчување на поренешниот левичарски екстремист Чезаре Батисти. Тој во Италија е осуден в отсуство за убиство на четири лица во периодот од 1978 до 1979 г. Сега 56-годишниот Батисти тврди дека е невин и смета дека во Италија против него се води политички процес и страхува дека ќе биде убиен доколку биде екстрадиран.„Виновен сум, како што секогаш велам, затоа што бев во вооружена група оа имала субверзивни цели. Но никогаш никого не сум убил“, забележа Батисти во книгата што ја објави во 2006 г. Одлуката на бразилскиот претседател да Силва на последниот ден од неговиот мандат, во Италија предизвика гневна реакција. Италијанското министерство за надворешни работи веднаш реагираше со повлекување на амбасадорот од Бразил.И италијанскиот премиер Силвио Берлускони изрази жалење за одлуката на да Силва, како што изјави, да не го испорача повеќекратниот убиец Батисти.Бразилскиот претседател го отфрли барањето на италијанските власти „врз база на извештајот на главниот државен обвинител.“Инаку минатата година бразилската влада го одобри барањето за политички азил на Чезаре Батисти, но Врховниот суд на Бразил го отфрли со образложение дека тој се бара за „обично“ а не за политичко злосторство. И покрај тоа, според бразилските закон, последната одлука беше на претседателот на државата. Батисти се наоѓа во бегство пред италијанските власти откако во 1981 г. чекајќи да биде изведен пред суд избега од затвор. Од тогаш живее во Франција, Мексико и Бразил каде е уапсен во 2007 г. и Италија бараше негова екстрадиција според билатералниот договор меѓу двете земји тврдејќи дека тој е поранешен член на радикалната терористичка организaција Вооружени пролетери за комунизам (PAC).Батисти, кој живеејќи во Франција си направи нова кариера како автор на криминалистички новели, изјави дека е невин и тврди дека е жртва на политички прогон во Италија..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.