Свет
Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ
Унгарија од денеска претседава со Европската унија(ЕУ).Новиот претседавач со Унијата очекува 2011. година да биде клучна за процесот на евроинтеграциите на земјите од западен Балкан, а ќе се заложува и за проширување на ЕУ.На Унгарија ова и е прво претседавање со ЕУ, а земјата ќе ја чини, според проценките, околу 77 милиони евра.Во програмата на своето шестмесечно претседавање со ЕУ, Будимпешта посебно ја истакнува потребата од економско-финансиско опоравување на ЕУ и поттикнување на трајниот економски раст, вработувањата и решавање на социјалните проблеми.Меѓу приоритетите се и долгорочната енергетска безбедност и создавање на сигурна мрежа на енергетско снабдување меѓу членките на ЕУ.Едно од прашањата што унгарското претседателство сака да го посвети е и решавањето на проблемите и состојбата на Ромите. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.