Контакт

Свет

Италија ќе се жали во Хаг ако Бразил не го испорача Батисти

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Италија има намера да се жали пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради одлуката на  екс-бразилскиот претседател да Силва да не им го предаде Чезаре Батисти, кој беше осуден во татковината на доживотен затвор, изјави шефот на италијанската дипломатија, Франко Фратини.

Во петокот беше објавено дека на последниот ден од својот мандат сега веќе поранешниот бразилски претседател Луиш Инасио Лула да Силва, одби да го потпише указот што го бараше Италија и да го екстрадира Чезаре Батисти кој е поранешен припадник на италијанските лево-ориентирани екстремистички организации.

Врховниот суд на Бразил, во ноември 2009. година донесе одлука со која беше прогласено за нелегално давањето политички азил во Бразил на Батисти. Сепак, последниот збор за прашањето за екстрадиција останува според законите кај бразилскиот претседател.

„Ние ќе поднесеме жалба до италијанскиот Врховен суд да ја преиспита одлуката на Лула да Силва. Незамисливо е да се крши билатерален договор, оправдувајќи го тоа дека со враќањето на Батисти во Италија ќе биле прекршени неговите човекови права или дури дека ќе му бил загрозен животот“, изјавил италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, во денешното интервју за „Кориере дела сера“ (Corriere della sera).

Тој додал дека Италија е подготвена да ги преземе сите посериозни чекори во оваа насока.

„Планираме да го предадеме случајот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг… Одбивањето на екстрадицијата е тежок преседан кој може да влијае врз многу случаи на бегалци пред правдата“, рекол Фратини.

Според Фратини, откажувањето на Лула да Силва да го екстрадира Батисти ги разочарало многубројните припадници на италијанската заедница во Бразил, и тие очекуваат оваа неправда да ја поправи новата претседателка Дилма Русеф која вчера положи заклетва. Ова очекување, според италијанскиот министер, се темелат врз тоа што Русеф претходно позитивно се изјаснила во полза на екстрадицијата на Батисти.

Чезаре Батисти беше еден од водачите на левата екстремистичка организација Вооружени пролетери – за комунизам. Тој во март 2007. година беше уапсен во еден хотел во Рио де Жанеиро и оттогаш е  во екстрадиционен притвор. Оттогаш Италија ја бара негова екстрадиција во татковината каде бил осуден на доживотен затвор за четири убиства извршени при крајот на 1970-тите. Батисти тврди дека е невин и негира вмешаност во овие злосторства.

Во јануари 2009. година, по интервенцијата на првата дама на Франција Карла Бруни, бразилската влада на Батисти му додели статус на бегалец, што беше причина за напнатост во односите меѓу Бразил и Италија. /крај/анса/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава

Објавено пред

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.

dobivaj vesti na viber

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.

„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.

Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“

Објавено пред

Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.

dobivaj vesti na viber

Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.

Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.

Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир

Објавено пред

Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по својот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

dobivaj vesti na viber

На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.

„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа ѝ треба мир. Да оставиме овој гулаб да нѐ обедини сите“, рече Радачовски.

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на зелените, го критикува велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе во салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 час

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија2 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија2 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија13 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија14 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија15 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија16 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија17 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија17 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија17 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија18 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија18 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија18 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...