Свет
Пакистан влезе во тешка политичка криза
Политичката криза во Пакистан се продлабочи откако еден од клучните коалициски партнери ја напушти владата и мина во опозиција, што е сериозна закана за опстојувањето на владата на премиерот Саед Јусуф Раза Гилани, пренесува Синхуа.Владата, предводена од партијата на претседателот, Народна партија на Пакистан, сега е во малцинство, откако Обединетото национално движење премина во опозиција, наведувајќи ги како причина растот на цените на горивата, неспособноста на владата да се справи со корупцијата и противењето на воведување на посебни даноци за богатите земјопоседници. Премиерот Гилани сега го изгуби мнозинството во парламентот со 342 седишта. Неговата партија има 129 пратеници и 25-те пратеници на Движењето беа клучни за избор на влада. Сепак, аналитичарите велат дека владата на Гилани не е под сериозна закана, бидејќи ниту една опозициска партија нема покренато барање за гласање доверба на владата.Сепак, Гилани и без тоа покрена силна кампања за барање нов партнер од редовите на опозицијата. Тој се сретна со лидерот на главната опозициска партија, Муслиманската лига на Пакистан, Наваз Шарф и со уште неколку високи функционери од оваа партија. Политичката криза го затекна Пакистан во лош период и може да има силни импликации и на внатрешен и на надворешен план. Земјата, се соочува со голем раст на цените на горивата, недостиг од струја и природен гас, корупција и лоша правна и безбедносна ситуација. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.