Свет
Портпаролот на Белата куќа, Гибс се повлекува
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс на своите соработници им најавил дека има намера да ја напушти функцијата до0 крајот на февруари
Роберт Гибс ќе продолжи да ја советува на Белата куќа и ќе биде ангажиран околу следната претседателска кампањана како надворешен консултант. Тој за актуелниот претседател Обама работел и во времето кога тој бил сенатор, и се смета за негов близок соработник. Неговото заминување доаѓа во услови на пошироки потреси во Белата куќа.Името на неговиот наследник се уште не е објавено.Американскиот претседател Барак Обама најави дека како што започнуваат подготовките за претседателските избори 2012 г. ќе направи бројни промени на неговите најблиски соработници, вклучително и назначување на нов портпарол.Претседателот на САД исто така се соочува и со нова динамика во Конгресот откако републиканците ја преземаа контролата во Претставничкиот дом и зголемувањето на нивниот број во Сенатот. Неговите советниците сметаат дека ваквиот развој на настаните бара промена на стратегијата.Замената на Гибс се очекува да биде објавена во следните две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.