Свет
Поморот на животните продолжува: по птиците и рибите, мртви ракови
Мртви птици се пронајдени во уште една американска држава, Кентаки, мртви риби во американската држава Мериленд, во Бразил и на Нов Зеланд, додека во Англија морето исфрли 40.000 мртви ракови и други морски животни.
Стотици мртви птици, пронајдени се за неколку дена на улиците на два града во американската држава Кентаки, соопштуваат локалните медиуми.
Портпаролот на надлежната служба во Кентаки, Матк Марачин рече дека анализата покажала дека птиците не биле болни, ниту отруени и дека причина за нивното загинување би можела да биде ладното време.
Ладното време се смета за причина и за милионите риби кои загинаа во американската држава Мериленд, како и 40.000 ракови кои се пронајдени на брегот во Англија.
Брегот е преполн со мртви ракови, морски ѕвезди и сунѓери. Огромен помор на риби е откриен и во Бразил и Нов Зеланд. Паниката започна кога околу 5.000 мртви птици паднаа од небото на градот Биби во Арканзас на првиот ден од Новата година, а веднаш потоа во близина на Луизијана беа пронајдени уште околу 500 мртви птици.
Во Арканзас исто така се пронајдени близу 100.000 мртви риби на околу 180 километри од Биби. И Европа вчера им се придружи на САД, откако на улиците на шведскиот град Фалкопинг беа пронајдени околу 50 мртви чавки.
Анализите се во тек, а како можни причини за поморот на птиците, освен лошите временски услови се наведува и огнометот за новогодишните празници, кој што можеби ги преплашил./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.