Свет
Во јужeн Судан пред референдумот уапсени 30 милитанти
Армијата на Јужен Судан во саботата наутро уапсила повеќе од 30 вооружени мажи кои се обидувале да извршат напади врз безбедносните сили, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи на владата на јужен Судан. Претходно во саботата убиени се шест бунтовници
„Денеска армијата на Јужен Судан успешно го оневозмоќи обидот да се попречи жави“, рекол јужно-суданскиот министер а внатрешни работи , Гиер Алонг.Акцијата била изведена во државата Ал-Вахда (Единство). Министерот изјавил дека воените сили ликвидирале двајца милитанти и уапсиле 30 лица кои се притворени во Џуба. „Сакаме да им ги покажеме овие луѓе на новинарите и на јавноста и тие да соопштат зошто се одлучиле да организираат напад во еден толку важен момент“, изјавил Алонг. Според него состојбата во јужниот дел од земјата во пресрет на референдумот за отцепување на јужниот дел на Судан, кој ќе се одржи утре на 9-ти јануари, е стабилна. Алонг соопштил дека за обезбедување на мирот за време на изборниот процес во недела ќе бидат ангажирани 40 илјади полицајци и војници.Претходно во саботата во судир меѓу две бунтовнички групи во Судан во пресрет на референдум за самоопределување на југот, беа убиени шест лица. Инцидентот се случил во западниот дел од државата Горен Нил, каде се наоѓаат нафтени полиња кои се предмет на спор меѓу Северен Судан и полу-автономните држави од југот.Бунтовнички групи кои го поддржуваат еден од локалните лидери Гатлуак Гаи, во саботата навечер по локлано време нападнале единици на Суданската народна ослободителна армија (SPLA), соопшти портпаролот Филип Агуер. Според него, во против-нападот војската убила шест бунтовници на Гаи а уште шестмина биле ранети. Конфликтите во Судан која е една од најголемите држави во Африка без прекун траат веќе неколку децении. Граѓанската војна меѓу северот и југот на Судан којашто траеше од 1955 до 1972 г. заврши во обезбедувањето на одреден степен на автономија и внатрешно управување за јужните држави. Примирјето траеше околу десет години, по што вооружениот конфликт ги обнови Народната армија за солободување на Судан. Мировните преговори меѓу бунтовниците од југот и владата во 2003 и 2004 г., дојдоа до посакуваните резултати за мир. Во 2005 г., двете страни потпишаа сеопфатен мировен договор, според кој на 9 јануари 2011 г. ќе се одржи референдум. На плебисцитот населението од јужниот дел на Судан ќе одлучи дали да остане во составот на унитарниот Судан или да ќе формираат независна држава. Покрај Народната армија за солободување на Судан, во јужниот дел на земјата дејствуваат уште неколку бунтовнички групи, кои истакнуваат свои барања. И покрај мировниот договор од 2005 г., се’ уште има спорадични судири меѓу нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.