Контакт

Свет

Нови обезглавени тела најдени во Мексико

Објавено пред

Во саботата во американското монденско летувалиште Акапулко се пронајдени 15 тел од кои само едно не било обезглавено, пренесува Reuters повикувајќи се на локалната полиција

dobivaj vesti na viber

Сите жртви се мажи а нивните тела биле најдени уринава во близина на еден локален трговски центар, Покрај телата била оставена порака со закана, какви што обично оставаат нарко картелите во меѓусебните пресметки.Како што пренесува агенцијата, повеќето тела биле пронајдени во близина на изгорени возила/ Уште четири егзекутирани жертви биле најдени во други делови од градот а тие биле убиени во одвиени инциденти.  Како и поголемиот дел од Мексико, и порано многу популарното туристичко место Акапулко е погодено од насилството поврзано со трговијата со дроги, односно со судирите на ривалските нарко картели за контрола врз териториите.Откако во 2006 г. на власт дојде претседателот Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата, во која за три години се загинати повеќе од 30 илјади луѓе. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелит еуечствива со 50 илјади свои припадници од разни родови.Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали..



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Објавено пред

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Бродот беше пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот. Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Прикажи повеќе...

Регион

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага. .

Прикажи повеќе...

Регион

Мајката на убиецот на Данка пристигна во Обвинителство

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е главен осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, пристигна во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде ќе биде сослушана.

dobivaj vesti na viber

„Според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, притворот на осомничените им истекува на 3 мај. Тие ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, веднаш штом ќе се исполнат условите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Адвокатот на Драгијевиќ  најави дека  ќе има разговор со Радослав Драгијевиќ, кој е во притвор бидејќи е осомничен дека му помагал на синот Дејан да го отстрани телото на Данка Илиќ.

Таткото и братот на Дејан Драгијевиќ се уапсени под сомнение дека помагале во делото.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион46 минути

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет1 час

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија11 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија19 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија19 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија21 час

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија21 час

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет24 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет1 ден

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет2 дена

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...