Свет
Можните мотиви за нападот на американската конгресменка
Новинската агенција Associated Press ги објавува можните мотиви за вчерашниот напад на американската конгресменка Габриела Џифордс јоа се уште се наоѓа во критична состојба
Новинската агенција најпрвин потсетува на контроверзните реформи на здравствената заштита во САД и заканите кои Џифордс ги дбиваше по тој повод.Многу членови на Конгресот особено од Демократската партија сметале дека расправата за законот за тие реформи , усвоен во март минатата година и покрај острото противење на Републиканците, изглегол од контрола.Неколку часа по усвојувањето на тој закон , непознато лице ги скрши стаклената врата и прозорецот на канцеларијата на Џифордс во Тусон.Џифордс беше и меѓу членовите на Конгресот кои во првите три месеци на 2010 година пријавија 42 закани или вандалски напади што е драстично зголемување во однос на 2009 година, вели полицијата за АП.Конгресменката Џилфордс , како што пишува АП, беше меѓу дваесетината демократи кои се најдоа на мета на кандидатката за потпретседател на Републиканската странка , Сара Палин.Палин на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук во март минатата година објави мапа на САД со вкрстени линии од нишан , на секој од 20-те демократски области.„Ни сме на листата за одстрел на Сара Палин.Таа го прикажа тоа со вкрстувањето на линиите на нишанот врз нашиот округ.Луѓето треба да знаат дека таквите постапки не поминуваат беаз последици“, рече тогаш Џилфордс.По ранувањето на Џилфордс, на профилот на Фејсбук на Палин беше објавено искрено сочувство до семејството на Џилфорд и семјствата на настраданите.Четириесетгодишната Габриела Џилфордс од Демократската партија беше тешко ранета вчера со истрел во глава додека држеше говор на еден собир во Тсон во Аризона, при што беа ранети уште пет лица , меѓу кои и едно дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.