Свет
Еден убен и пет ранети во напад на воз во Египет
Едно лице загина, а уште пет се повредени кога непознат отворил оган врз патнички воз во градот Самалут, во египетската провинција на ал-Минја, пренесува порталот на египетскиот весник „Ал-Ахрам“
Според полицијата, напаѓачот влегол во патничкиот воз кој патувал од Каиро кон југот на Египет, на станицата во градот Самалут и отворил оган врз патниците, при што убил еден 71-годишен патник а петмина ранил. Напаѓачот се обидел да избега, но бил фатен од страна на припадниците на обезбедувањето на станицата. Во моментот егиептските служби спроведуваат истрага и испрашувње на напаѓачот, пишува весникот. Според информации кои ги објавија повеќето западни медиуми, загинатиот и ранетите биле христијани, а предмет на истрагата на безбедносните сили е дали нападот е верски мотивиран. Египетските христијани се во фокусот на светските медиуми, откако одекна експлозија на новогодишната ноќ во близина на црква на христијанските Копти во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа вкупно 23 лица а околу стотина се повредени. По експлозијата египртските власти преземаа низа мерки за да го сочуваат единството меѓу христијаните и муслиманите во земјата. Голем број познати јавни личности, новинари и политичари кои го исповедаат исламот, заедно со христијаните учествуваа на прославата на Божик кој во египетските коптски цркви беше прославен на 7 јануари. Египетските државници повторуваат дека експлозијата во црквата не е насочена против христијаните, туку против целото египетски општество и државата. Египетските Копти се најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток. Според различни проценки, тие претставуваат околу 10 отсто од 80-милионското население на Египет. Неколку европски земји повикаа на заштита на христијаните на Блискиот исток, но Каиро го отфрли повикот, третирајќи го како мешање во внатрешните работи на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.