Свет
Најдеталниот обоен портрет на Вселената
Меѓународен тим научници кои работат на проектот SDSS-Ш (Sloan Digital Sky Survey-III) ја претставија досега најдеталната обоена слика на Вселената со цел да го прикажат „портретот“, кој се состои од повеќе од еден трилион пиксели, за што во полна резолуција ќе бидат потребни 500 илјади телевизиски монитори со висока резолуција. Снимката, собирана во текот на изминатите десет години од милиони поединечни фрагменти, беше претставена во јавноста денеска на состанокот на Американското астрономско друштво во Сиетл. „Оваа слика ја отвора можноста за многу нови научни откритија“, изјавил Боб Никол, професор на универзитетот во Портсмут и портпарол на SDSS, пишува „ЕSO Top News“. Формирањето на најдеталната слика на Вселената е започнато во 1998 г., со помош на најсовремената во тоа време 138-мегапикселна камера монтирана на 2,5-метарски телескоп во американската сојузна држава Ново Мексико. Во текот на изминатата деценија, учесниците во проектот успеаја да снимат околу една третина од целиот небесен свод. Сега ова камера е застарена и е „пензионирана“, па ја пополнува колекцијата на Смитсонијан универзитетот. Учесниците во проектот спровеле модернизација на инструментите и во моментов работат на мерењето на растојанијата до милионите галаксии откриени во фотографиите, кои во иднина ќе го направат овој „портрет“ тридимензионален. Овие истражувања, исто така, ќе помогнат да се утврди како со времето се менувало распределувањето на ткн „темна енергија“ во Вселената. Покрај тоа, учесниците во проектот SDSS ја мерат брзината и ги испитуваат својствата на стотици илјадници ѕвезди во надворешните области на нашата Галактика, што ќе им помогне да ги пронајдат „бегалците“ од другите галактики кои некогаш биле привлечени од нивните „татковини“, од страна на гравитацијата на Млечниот пат./крај/ЕТН/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка, испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала нивната ќерка.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ниту во кола, ниту ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога се ќе заврши, ќе кажеме се“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.