Свет
Урната владата во Либан
Либанскиот министер Аднан Сајед Хусеин денеска поднесе оставка, соопшти државната ибанска агенција, така што вкупниот број министри кои во средата поднесоа оставки достигна 11, со што е урната владата на премиерот Саад ал-Харири
Оставката на министерот Аднан Сајед Хусеин следеше откако претходно оставки поднесоа десет министри од просирискиото движење Хезболах и нивните политички сојузници. Хезболах го повика претседателот на Либан, Мишел Сулејман да состави нова влада.Несогласувањата околу истрагата за убиството на таткото на премиерот Саад ал-Харири, поранешниот премиер Рафик ал-Харири, ја парализираа либанската ткн влада на единството. Хезболах негираше каква и да е вмешаност во бомбашкиот напад врз Рафик ал-Харири во 2005 г. Исто така, движењето го осуди воспоставувањето посебен суд под надзор на Обединетите нации за судењето на убијците на ал-Харири, барајќи од актуелниот премиер да ги отфрли заклучоците на судот, сметајќи го за „израелски проект“. Саад ал-Харири го отфрли ова барање на Хезболах.Либанскиот премиер кој моментално се наоѓа во Вашингтон, заради кризата во владата реши да ја прекине посетата на САД и итно да се врати во земјата, соопштија либанските функционери во американската престолнина. Харири по враќањето во Либан веднаш треба да се сретне со претседателот за заеднички да ја разгледаат настаната политичка криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.