Свет
Папата го отвора патот за беатификација на Јован Павле
Папата Бенедикт XVI и формално го одобри чудото што му се припишува на неговиот починат претходник и така го отвори патот за беатификација на Јован Павле Втори на 1 мај.
Процесот на беатификација, или прогласувањето на папата за „блажен“, е клучен чекор кон неговото прогласување за светец.Јован Павле Втори почина во 2005 година откако речиси 27 години беше поглавар на Римокатоличката црква.За да се заврши процесот на беатификација на покојниот понтификат Јован Павле Втори, католичката црква формираше специјална комисија (формирана од страна на Конгрегацијата за канонизација) којашто формално мора да го признае стореното чудо.Кардиналите и бискупите го признаа чудото откако комисијата од лекари кон крајот од декември 2010 г. не можеше со помош на природно научните методи да го објасни фактот на исцелувањето од Паркинсонова болест на 49-годишната француска калуѓерка Мари Симон-Пјер.Во јули 2001 г. Паркинсоновата болест ја парализирала левата страна од телото на монахињата. Од 2 април 2005 г., кога почина Јован Павле Втори, нејзините симптоми се интензивирале со секој изминат ден, а се влошила и нејзината целокупна здравствена состојба. Кога на 13-ти мај 2005 г. папата Бенедикт XVI ја изрази својата согласност да започне процесот на беатификација на неговиот претходник, во времето на заедничката молитва е побарано нејзино застапување од починатиот Јован Павле Втори пред Бога. Монахињите од манастирот почнале да се молат за исцелување на нивната болна сестра Мари, и точно два месеца по смртта на папата Јован Павле Втори, Симон-Пјер оздравела – болката исчезнала, како и неконтролираното постојано треперење на екстремитетите. По спроведениот невролошки прегледи било потврдено дека монахињата е здрава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.
Свет
Британија усвои нов закон, ќе испраќа мигранти во Руанда, реагираа претставниците на ОН
Двајца високи функционери на Обединетите нации денеска ја повикаа Британија да го разгледа својот план за префрлање на барателите на азил во Руанда, предупредувајќи дека потегот ќе има штетно влијание врз човековите права и заштитата на бегалците.
Во заедничката изјава, Филипо Гранди, Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Волкер Турк, Високиот комесаријат за човекови права на ОН, ја повикаа ОК наместо тоа, да преземе практична акција за справување со нерегуларните текови на мигранти и бегалци.
„Новиот закон означува уште еден чекор подалеку од долгата традиција на Обединетото Кралство за обезбедување засолниште за оние на кои им е потребно, што исто така ја прекршува Конвенцијата за бегалци“, рече Гранди.
Британскиот парламент вчера усвои закон со кој се дозволува илегалните мигранти да се испраќаат во Руанда каде ќе се разгледуваат нивните барања за азил. Британскиот премиер Риши Сунак вчера вети дека ќе почне да испраќа баратели на азил во Руанда во рок од 10 до 12 недели. Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда.
Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, стигнаа до Велика Британија во последниве години поминувајќи го Ла Манш со мали чамци на ризични патувања организирани од шверцери.
Запирањето на протокот на мигранти е приоритет за британската влада, но критичарите велат дека планот за депортирање на луѓе во Руанда наместо да се работи со барателите на азил во Британија е нехумано.
Според политиката формулирана пред две години и договорена со Руанда, секој барател на азил кој ќе пристигне во Британија илегално ќе биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на каналот и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе. Ова ќе важи и за оние кои поднеле барање за азил во Велика Британија и никогаш досега не стапнале на африканскиот континент.