Свет
Пожар на еден од најголемите петрохемиски комплекси во Иран
Силен пожар избувна на еден најголемите петрохемиски комплекси во Иран на островот Харк во Персискиот залив, 57 километри од пристаништниот град Бушер, јави агенцијата Irna, повикувајќи се на генералниот директор на Управата за вонредни состојби на провинција Бушер, Гољамреза Кешткар. „Пожарот избувна на еден од објектите за складирање во петрохемискиот комплекс на Харк претходната вечер и огнот се уште не згаснува и покрај преземените акции на пожарникарите“, изјавил за агенцијата директорот Гољамреза Кешткар. Според него, локалните служби не се во можност да го локализираат пожарот, па затоа на островот се испратени дополнителни противпожарни екипи. Меѓутоа, Кешткар не ги соопштил причините за пожарот. „Во пожарот нема загинати, а едно лице претрпе сериозни изгореници и нему медицинска помош му се пружа во Техеран. Причината за пожарот не е востановена, а штетата се проценува“, додал Кешткар. Овој случај не е прв, на крајот од јули 2010 г. четири лица загинаа во експлозијата во петрохемискиот комплекс „Харк“ . Причината за експлозијата, како што беше соопштено, е зголемениот притисок на централниот котел за согорување на горивниот гас. Поради експлозијата привремено беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во целата провинција. Петрохемиски комплекс „Харк“ е најголемиот ирански извозен терминал за нафта, во кој работат околу 400 лица./крај/ирна/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.