Свет
Апсења на поменот на убиениот руски навувивач
Полицијата во Москва уапси 19 лица кои учествуваа во демонстрациите кои се организирани во знак на сеќавање на убиениот навивач на Спартак, Eгор Свиридов
Портпаролот на московската полицијата, Виктор Бирјуков за агенцијата Риа Новости изјави дека во тек е истрага дали уапсените лица учествувале во нередите во Москва во кои Свиридов го загуби животот. Демонстрациите се случија во декември минатата година, кога дојде до судир на пет илјади навивачи со полицијата. Портпаролот додаде дека денешните демонстрации на кои учествувале 400 лица и 150 новинари минал мирно и без инциденти. Од организацијата на навивачката група на фудбалскиот клуб Спартак од Москва, „Фратрии“, објавија дека тие не се организатори на денешниот собир, иако загинатиот навивач бил нивни член. Навивачите додаваат дека многумина сакаат да го искористат трагичниот настан во сопствени цели. Зад денешните демонстрации стои Артур Гроховски, заменик претседател на либералната партија Јаблоко.Во безредијата од 14-ти и 15-ти декември на плоштадот Манежнаја, во близина на Црвениот плоштад дојде до жестоки судири меѓу полицијата со според последните процени околу пет илјади претежно млади луѓе од различни провиниенции, од фудбалски навивачи до приврзаници на националистички организации. Во судирите беа повреди и хоспитализирани 29 лица, а беа уапсени околу 700 лица.Жестокиот судир меѓу демонстрантите кои употребуваа пиротехнички средства, камења и палки, и полицијата која употреби пендреци, избија откако навивачите не сакаа да се повлечат на повиците на московските власти туку одговорија со националистички пароли и со напади врз случајните минувачи кои им наликувале на припадници на етничките малцинства од подрачјето на северен Кавказ.Претходно илјадници навивачи на московски Спартак се собраа и положија знамиња на автобуската постојка на булеварот Кронштад во северниот дел од Москва на којашто на 6-ти декември беше застрелан Егор Свиридов еден навивачките водачите во тепачка со доселениците од северен Кавказ. Според некои руски медиуми, Свиридов бил водач на „Ултрас“ една од насилните навивачки групи на Спартак.Ова убиство предизвика голем револт кај навивачките групи во Русија. Блоговите и социјалните мрежи во Русија последните месеци се многу активни во врска со овој случај и на нив се изразува голем револт заради нерешавањето на овој случај. Полицијата прво уапси шест осомничени, но ослободи петмина но досега нема подигнато обвинение.Во руските медиуми се изразува загриженост дека тензиите ќе се зголемат затоа што навивачите преку своите блогови потсетуваат дека се’ уште не е решен случајот на убиството на уште еден навивач на Спартак, Јуриј Волков, од летото минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.
Свет
Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета
Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета.
Тестот за моќност на супер-големата боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се одржаа во петокот, објавија државните медиуми.
„Пробното лансирање постигна одредена цел“, објави КЦНА.
Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со околната ситуација“.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.
Тестовите на крстосувачки ракети не подлежат на санкции против Пјонгјанг. Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за пренесување на нуклеарни боеви глави.
Наспроти позадината на конфликтот околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје, тензиите на Корејскиот полуостров повторно значително се зголемија. Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа својата воена соработка, вклучително и заеднички маневри, како одговор на повеќекратните ракетни тестови на Пјонгјанг со нуклеарни капацитети во последните две години.