Свет
Македонската полиција ја исече главата на "Камелеонот"
Над 600 килограми хероин и 11 познати шверцери на дрога биле уапсени во меѓународната операција “Камелеон” за спречување шверцерски канал за транспорт на дрога од Турција во западноевропските земји во која учествувале полициски и царински екипи од Македонија, Бугарија, Турција, Холандија и од Германија.
Меѓународна акција за спречување на шверц на хероин во Европа
Над 600 килограми хероин и 11 познати шверцери на дрога биле уапсени во меѓународната операција “Камелеон” за спречување шверцерски канал за транспорт на дрога од Турција во западноевропските земји во која учествувале полициски и царински екипи од Македонија, Бугарија, Турција, Холандија и од Германија.
Резултатите од успешната акција биле презентирани вчера на заедничката прес-конференција во Софија од главниот секретар на бугарското МВР, генералот Бојко Борисов.
Истрагата покажала дека логистичар на целата операција бил 52-годишниот бугарски државјанин Александар А., кој живеел во Софија.
Александар бил уапсен во Македонија на 17 декември минатата година, при обид да ја напушти државата, откако во меѓународната истрага се вклучила и македонската полиција.
“Со задржувањето и предавањето на главниот организатор, Александар А. и разбивањето на организацијата, успешно заврши заедничката операција што траеше повеќе од една година”, се вели во заедничкото соопштение на полициите на Македонија, Бугарија, Турција, Германија и на Холандија.
Акцијата наречена “Камелеон” траела скоро цела година, а резултирала со апсењето на двајцата главни организатори на милионскиот шверц на хероин. Преку добро разработениот канал биле шверцувани преку два тони хероин.
Акцијата почнала во Минхен од каде што биле испратени информации до 12 држави во Европа за меѓународен шверц на дрога од Турција во Западна Европа. Организатор на шверцерската група бил турчинот Нуретин Е. кој живеел со семејството во Минхен.
За време на истрагата органите на прогонот во 12 држави во Европа интензивно разменувале информации за движењето на осомничениот.
Во јануари 2004 година кога во заедничка операција на турските, бугарските и германските царински и полициски служби, во Турција биле запленети 52 килограми хероин. Дрогата била скриена во автомобил со двојно дно марка “крајслер војаџер”, а ги превезувал возач од Бугарија.
Според информациите на бугарското МВР, уапсен бил и Турчинот Нуретин Е., а наскоро се очекува и судска разврска за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за неговата подготвеност да одржи претседателски избори е „сосема нова“, додека рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостиг на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултираше со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, додека дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровск
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровск. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровск продолжува, рече Сирски.
Од средината на ноември украинските трупи вратија речиси 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според „Киев индепендент“, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровск, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели беше објавено дека градот е претежно опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос

